Идеални супи за слабеење

Доколку сакате да се исхранувате здраво и да имате нормална тежина, овие оброци се совршеното решение за вас бидејќи се сиромашни со калории и масти, а ќе ве држат сити. Зеленчуковите супи содржат многу витамини, минерали и растителни влакна, што ги прави да бидат идеален и хранлив оброк.

Ви нудиме неколку рецепти кои нутриционистите ги препорачуваат за успешно справување со вишокот килограми.

Супа со брокула и грав



Потребни состојки:

  • 1 коцка за супа
  • 500 мл вода
  • 500 гр брокула
  • 1 шолја сварен грав
  • малку сол, црн и црвен бибер по желба

Подготовка:

Во тенџере со средна големина ставете ги водата и коцката за супа и загрејте ги до точка на вриење. Додадете ја исечканата брокула и варете уште неколку минути за брокулата малку да подомекне. Потоа додадете ги веќе сварениот грав и зачините и оставете додека не почне убаво да врие, а потоа тргнете го тенџерето од оган. Супата можете да ја послужите и така, но доколку сакате да добиете кремаста текстура, истурете ја целата во блендер и измиксајте убаво. На крај можете да додадете и лажица кисела павлака.

Супа од моркови

Потребни состојки:

  • 500 мл вода
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици кари
  • 8 поголеми моркови
  • 1 исечкан кромид
  • 1 коцка за супа
  • 1 лажица лимонов сок
  • сол по желба

Подготовка:

Во големо тенџере ставете ги водата, маслото и карито. Мешајте две минути, па додадете ги морковите, целерот и кромидот. Варете 20 минути па додадете ја коцката за супа. Намалете го оганот и варете сè додека зеленчукот не омекне, а потоа тргнете го тенџерето од рингла и оставете да отстои 10 минути. Земете салфета и ставете ја на површината на супата за да ја випе маснотијата. Потоа обезмастената супа ставете ја во блендер за да добиете кремаста текстура.

Супа од тиква и пченка

Потребни состојки:

  • 500 мл вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 голем праз (исечкан)
  • 1 големо парче тиква (исечкано)
  • 2 коцки за супа
  • 1 шолја блага пченка
  • 1 мала лажичка лимонов сок
  • малку сол

Подготовка:

Загрејте ги водата и маслото, па во нив ставете го исечканиот праз и варете една минута. Потоа додадете ја тиквата и мешајте сè додека зеленчукот не омекне. На крај додадете ја и пченката. Кога целосно ќе се свари, истурете ја супата во блендер за да добиете смеса без грутчиња. На крај додадете го лимоновиот сок и добро измешајте.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби