НЕ Е НА ОДМЕТ ДА НАУЧИТЕ НЕКОЈ НОВ ТРИК

Екстра корисни совети за помош во кујната

За полесно и побрзо снаоѓање во кујната никогаш не е на одмет да научите некој нов трик. Иако за повеќето воглавно сме слушнале, некои необични трикови за многумина сè уште се тајна. Со нив ќе бидете поефиканси и побрзи, па ќе штедите време, ќе го спасите ручекот и ќе ги зачувате намирниците свежи.



1. За да го продолжите рокот на траење на млекото, во отвореното тетрапак пакување ставете малку сол.

2. Хранете ги билките со водата која ќе ви остане од варењето. Имено, водата во која сте ги вареле компирите или тестенините е богата со нутриенти, па затоа наместо да ја фрлате, почекајте да се олади и со неа наводнете ги билките.

3. Свежината на салатата ќе ја зачувате со помош на кујнската хартиена ролна. Имено, салатата завиткајте ја во кујнска хартија и ставете ја во фрижидер. На тој начин таа подолго ќе остане свежа.



4. Спас за пресолената супа е компирот. Доколку по грешка сте ја пресолиле супата, додадете во неа варен компир кој ќе го впие вишокот сол.

5. За да спречите пластичните садови и чаши да попримат миризба, пред да ги складирате во нив ставете малку сол.

6. И за загорениот ориз постои спас. На врвот на оризот ставете парче бел леб и оставете да отстои 10 до 15 минути. Лебот би требало да го впие вкусот на изгорено.

7. За да ја зачувате свежината на лебот, во вреќичката ставете парче свеж целер.



8. Никогаш не ги ставајте бананите во ист сад заедно со други видови на овошје. Бананата испушта гасови кои предизвикуваат побрзо созревање на останатите плодови.

9. Електричниот чајник за варење на вода на кој се има насобрано каменец, ефикасно ќе го исчистите со помош на оцет. Ставете мешавина од оцет и вода (во ист сооднос) во електричниот чајник и вклучете го течноста да изврие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби