Најчести грешки при подготовка на супа

Можеби варењето супа ви изгледа како најлесниот готвачки потфат кој бара само тенџере со вода, зеленчук и месо, но правењето на совршена супа не е така едноставно. За време на готвењето многу од нас прават одредени грешки за кои не се свесни. Еве ги најчестите:



Варење на висока температура

Во желба за што побрз оброк, повеќето од нас ја варат супата на максимум. Во тој случај месото би можело да биде суво, а зеленчукот преварен. За да го извлечете најдоброто од сите намирници, најдобро е супата да ја варите на пониска температура.

Недоволно сол

Ништо не е толку важно како правилната количина на сол. Додека ја варите супата, задолжително пробајте ја за да ја погодите точната количина на зачини. Верувајте им на своите сетила повеќе отколку на рецептот.

И водата е доволна

Иако многумина од нас во супата ставаат говедска или пилешка коцка, супата и без неа може да биде вкусна. Супата направена само од вода, со правилен размер на зачини и зеленчук, може да биде многу вкусна.



Преварен зеленчук

Немојте зеленчукот да го додавате на почетокот на варењето, заедно со месото. Тоа е честа грешка која треба да ја избегнувате.

Имено, на зелечнукот потребно му е многу помалку варење отколку на месото, па затоа потребно е да го додавате постепено во супата, во зависност од тоа колку време му е потребно а да се свари.

Веднаш на почетокот можете да го ставите целерот и кромидот заедно со месото, а во последните 30 минути морковот и останатиот зеленчук по желба.

Несоодветни зачини

За да го подобриме вкусот на супата и да и дадеме поинаква нота, често експериментираме со зачините, па знаеме и да претераме. Иако зачините се најдобриот начин за подобрување на вкусот и изгледот на супата, пред да ги изберете мора да внимавате вкусовите добро да се совпаѓаат.



Обидете се со мелен бибер, зачински билки или пак малку изрендан пармезан. Одлични додатоци за крем супите се јогуртот и киселата павлака.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби