Ослабете лесно: Како тоа им успеа на Џесика Алба и Меган Фокс?

Правилото 80/20 – тоа е начин на живот кој ќе ви овозможи саканата тежина да ја одржувате лесно или пак да изгубите килограми колку вам ви е потребно.

За што се работи? Станува збор за едноставна работа: 80 отсто од времето се фокусирате на тоа правилно и здраво да се храните , а 20 отсто од времето да имате слобода да се опуштите и да јадете што сакате. Звучи комплицирано, но немојте да се загрижувате поради математиката.

Ако се придржувате на правилото 80/20, не морате да го ограничувате својот друштвен живот. Напротив, можете себеси да си дозволите да излезете, па дури и да уживате понекогаш на коктели со пријателите. Што е најважно, пијалак или вечера во некој ресторан нема да ви влијае на вашата цел да изгубите килограми.

Ако јадете три оброци дневно, секоја недела можете да си дозволите да уживате во три оброци по желба. Токму тие три оброци ги прават магичните 20 отсто. Ако јадете пет мали оброци дневно, неделно имате дури седум оброци по ваша желба.

Колку е делотворен овој начин на исхрана говори и тоа дека и холивудски ѕвезди се одлучија на ваков режим. Една од нив е и Џесика Алба. Нејзиниот личен тренер Џими Ли објаснува зошто овој систем е делотворен.

- Не можете да бидете 100 отсто концентрирани и мотивирани цело време, но можете да бидете 80 отсто од времето. Психички полесно ќе го издржите процесот на губење на килограми бидејќи ќе знаете дека можете да се опуштите и повремено да уживате, вели Џими Ли.

Личниот тренер на Џесика Алба препорачува мали, чести оброци во текот на денот, со цел тие здрави оброци да бидат 80 отсто од она што сте го изеле.

Супермоделот Миранда Кер исто така се придржува на правилото 80/20. Таа тврди дека ваквиот режим на исхрана направил чуда за нејзиниот изглед.

- Храната е мојот пријател, а доследноста е клучот. Верувам дека умереноста е најдобра. Затоа овој принцип ми одговара, објаснува Миранда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби