Рецепти за богата трпеза:

Посни гурманлуци за Св. Никола

Православните верници денес одбележуваат голем празник, слава на св. Никола. Како што наложуваат правилата на верата, празникот се прославува со посни јадења.

Печен лосос во сос од портокал

Потребни состојки:

  • 1 кг. филети
  • 50 мл. маслиново масло
  • 3 лажици лимонов сок
  • Сол, бибер

За сосот:

  • 300 мл. сок од портокал
  • 80 гр. лук
  • 30 гр. масло
  • 250 мл. растителна павлака
  • 1 лажица густин
  • 1 лажица исечена кора од портокал
  • ½ лажица бибер
  • 1 лажица вегета

Подготовка:

Филетите посипете ги со лимоновиот сок, малку посолете и забиберете. На загреано масло од двете страни испржете ја рибата и ставете ја на топло место. На масло кратко испржете го лукот, залијте со сок од портокал и со околу 100 мл. вода. Заедно гответе околу 5 минути. Додадете ја исечената кора од портокал, вегетата и биберот. Варете уште пет минути и на крај додадете густин, разматен во малку вода и павлаката. Пуштете уште малку да проврие. Топлата риба прелијте ја со сосот и послужете.

Манастирска сарма



Потребни состојки:

  • 20 листови кисела зелка
  • 1 главица кромид
  • Малку праз
  • 1 поголем морков
  • 1 поголем компир
  • 1 јаболко
  • ½ шолја сецкани ореви
  • 1 шолја варен ориз
  • 50 гр. суво грозје
  • Сол, вегета, бибер
  • Масло
  • 1 шолја вода

Подготовка:

На масло испржете го кромидот и празот, па додадете ги исецканите морков, кромид и јаболко, потоа посолете и динстајте уште пет минути. Додадете ги сецканите ореви, сувото грозје и варете уште неколку минути. Тргнете од рингла, па додадете го оризот и зачинете со бибер и зачин. Направете сармички и ставете ги во подлабок сад, во кој претходно сте ставиле малку масло и листови зелка. Прелијте со вода и два децилитри масло, па ставете во рерна на 220 степени. Печете околу еден час.

Сом во сос од зеленчук



Потребни состојки:

  • 400 гр. филети сом
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 моркови
  • 1 корен першун
  • 1 кромид
  • 1 корен целер
  • 2 домати
  • 1-2 феферони
  • 1 пиперка
  • Сол, бибер
  • Лист од першун
  • Супа од зеленчук

Подготовка:

На масло испржете го кромидот. Додадете го исецканиот зеленчук и фефероните, залијте со малку супа од зеленчук и оставете покриено со капак. Посолете и варете додека зеленчукот не омекне. Додадете ја рибата и продолжите да готвите уште 15 минути на лесен оган. Додадете го биберот и зачинете по вкус. Кога јадењето е готово посипете со першуновиот лист.

Печен ослич во бело вино



Потребни состојки:

  • 4 помали парчиња ослич
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажици вегета
  • 1 дл. бело вино
  • 1 дл. вода
  • Бибер
  • 3 чешчиња лук
  • 1 лимон
  • 50 гр. ѓумбир

Подготовка:

Рибата добро исчистете ја, а сите состојки добро измешајте ги заедно. Садот за печење подмачкајте го со малку масло и наредете по него крукчиња лимон и исецкан ѓумбир. Рибата премачкајте ја со измешаните состојки и ставете ја на парчињата лимон и ѓумбир. Сипете вода и бело вино. Садот прекријте го со фолија, па рибата печете ја еден час, потоа скинете ја фолијата и печете уште 15 минути за да добиете поубава боја. Сервирајте го осличот со варен или пак печен зеленчук по желба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби