Пиењето вода е повеќе од само навалување на стаклената чаша на усните и голтање. Со малку поголема свесност, начинот на кој пиете вода може сериозно да го промени вашиот живот. Некои може да се ослободат од честото подригнување после јадење, додека други, пак, од болното чувство на ситост и надуеност после јадење.
Сето тоа може да се постигне со мали и едноставни промени.
Ајурведата, традиционалната медицина со потекло од Индија, ни покажува корисни начини како правилно да пиеме вода.
Пред сè, седнете и испијте ја чашата вода, баш како што седнувате за да јадете. Земете голтка – немојте да ја пиете целата чаша. Мала голтка, голтање, дишење – па повторете.
Пијте вода во текот на целиот ден. Дококу проголтате поголема количина одеднаш, вашето тело всушност не ја впива таа течност како што би требало. Поголемиот дел од неа само минува низ вас.
Температурата на водата треба да биде минимум колку собната. Топлото е секогаш подобро. Ледената вода буквално го гаси вашиот „оган“ за варење.
Запомнете го ова правило: исполнете го желудникот 50% со храна, 25% со вода и оставете 25% празен простор за процесот на варење.
Од истата причина, немојте да пиете многу вода пред или после оброкот.
Пијте кога сте жедни. Жедта е природна реакција на телото на кое му е потребна вода, па затоа истата треба да ја послушате.
Што се однесува на количината, сите ние сме различни, со различни големини, различен начин на исхрана и начин на живот. Универзалното правило од осум чаши на ден не може да се примени на секој. Секако, чудесното човечко тело има сопствен вграден мерен механизам наречен „жед“.
Доколку сте жедни, пијте вода. Кога ги слушате сигналите на жед и пиете вода во телот на целиот ден, ќе ја имате правилната мера.
Дополнителна проверка за тоа дали телото ви е доволно хидратизирано е вашата урина. Доколку истата е бистра и проѕирна, зачи дека вашето тело примило доволно вода. Темножолтата боја порачува дека треба да пиете повеќе.
Вашата уста е уште еден показател – ако ви е сува, веројатно вашето тело е дехидрирано.
Дополнителен совет: Важно е правилно да станеме свесни за она што го јадеме и го пиеме, како и да ги слушаме сигналите на телото. Никако немојте да ја вознемирувате жедта!