Совршен појадок: Американски палачинки за двајца

Зошто наместо вообичаениот појадок не ја изненадите саканата или саканиот со вкусни, топли и меки американски палачинки?

Овие „пуфкасти“ палачинки се одлични за појадок, десерт или за слатка вечера, а можете да ги премачкате со чоколаден намаз, мармалад или мед, како и да ги послужите со шлаг и свежо овошје.



Овој рецепт е доволен за 2 лица, или вкупно 6 палачинки, а доколку сакате да направите поголема доза, едноставно двојно или тројно зголемете ги сите количини.

Треба да имате во предвид дека американските палачинки се помали од оние кои се јадат кај нас, па затоа немојте со смесата да го полните целото тавче. Големината на една палачинка би требало да биде колку јајце на око.

Потребни состојки:

  • 135 грама брашно
  • 1 голема лажица прашок за печиво
  • 1 мала лажичка сол
  • 2 големи лажици шеќер во прав
  • 130 мл млеко
  • 2 големи лажици растопен путер
  • 1 јајце

Постапка:

- Во голем сад помешајте ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за печиво.

- Во друг сад изматете го јајцето и помешајте го со млекото.

- Растопете го путерот на собна температура или во микробранова печка 20-30 секунди и додадете ја мешавината од јајцето и млекото.

- Добиената мешавина додадете ја во сувата мешавина (од брашно, шеќер, сол и прашок за печиво) и добро измешајте ги со виљушка, а потоа матете со миксер половина минута за да добиете хомогена смеса.

- Загрејте го тавчето со малку масло и потоа додавајте ја смесата со кутлача. Немојте да ставате многу масло!

- Печете ги палачинките една по една за да не се спојат.

- На секоја страна печете ги по минута до минута и пол, а потоа внимателно превртете и печете ја другата страна.

- При сервирање само намачкајте ги со вашиот омилен намаз, а можете и да направите комбинација од чоколаден намаз и исечкани банани; слатко и сладолед од ванила; шлаг и исечкано свежо овошје или пак мед и мелени ореви.
Уживајте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби