Паста на 3 различни начини

Без разлика дали е во форма на тортелини, равиоли или пак обични макарони, пастата е едно од најраспространетите и највкусните јадења на светот.

Наједноставната варијанта е да ги јадете со кечап и сирење или кашкавал, но зошто да се ограничите на толку едноставен рецепт кога можете да експериментирате со повеќе вкусови?

Во прилог следат 3 превкусни рецепти за паста, па на вас останува да го изберете оној кој најмногу ќе ви се допадне или пак едноставно да ги испробате сите. Интересно е што ниту еден од рецептите не содржи месо, а сепак сите имаат одличен вкус.

Веге паста

Потребни состојки:

  • 250 гр лингвини
  • 200 мл супа
  • 2 шолји вода
  • 250 гр домати од конзерва
  • 1 кромид исечкан на кругови
  • 1 црвена пиперка исечкана на ленти
  • 1 зелена пиперка исечкана на ленти
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка кумин
  • 3 чешниња ситно исечкани лук
  • ¾ лажичка чили
  • 3 лажички маслиново масло
  • ¼ лажичка оригано
  • 70 гр кисело млеко

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги сите горе наведени состојки заедно со супата и водата и зовријте ги.

Гответе околу 15-тина минути или пак додека сосот не започне да се згуснува. На крајот додадете го киселото млеко и украсете со сечкан магдонос.

Школки со сирење и брокули

Потребни состојки:

  • 250 грама варена паста во облик на школки
  • 1 китка брокула
  • 1 помал кромид ситно исечкан
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици путер
  • 200 гр изрендан чедар кашкавал
  • 100 грама пармезан
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Ставете ги путерот и кромидот во сад на оган и пржете додека малку не зарумени. Потоа додадете го брашното и мешајте со маталка додека не добиете паста.

Следниот чекор е пополека да започнете да го додавате млекото. Откако ќе добиете убав сос, кон ова го додавате ренданиот кашкавал, солта и биберот. Можете да ставите и малку лут сос, но тоа е опционално.

Обарените брокули и варената паста ја додавате во сосот и целата содржина ја  варите додека не дојде до состојба на вриење.  Откако сте го ставиле јадењето во садови за служење од горе ставате од пармезанот.

Паста со печурки и спанаќ

Потребни состојки:

  • 4 лажици маслиново масло
  • 300 грама исечкани печурки
  • 200 гр свеж спанаќ
  • 3 печени црвени пиперки (може и од тегла)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица црвен оцет
  • 250 грама варена паста
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка бибер

Начин на подготовка:

Во сад на оган ставете малку вода и додадете го маслиновото масло. Потоа додадете ги печурките и пржете додека убаво да ги карамелизирате. Откако ќе го направите тоа можете полека да го додавате спанаќот.

На страна во блендер ставете ги пиперките, лукот, оцетот и посолете. Смесата што ќе ја добиете додадете ја во печурките и спанаќот. Повторно пропржете малку и на крај ставете ја готовата паста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби