Оброци за подобар сон

Проблемот со несоницата е почест отколку што си мислите. Доколку ви недостасува длабок сон кој ќе ве одмори и ќе ве наполни со енергија за да можете да се справите со многуте обрвски кои ве очекуваат во текот на претстојниот ден, ви преставуваме неколку предлози за вечера со која нема да погрешите.

Овесни житарки со млеко и мед



Кога: 90 минути пред спиење

Колку: 1 шолја млеко, 1 мала лажичка мед и овесни житарки

Можеби овој оброк во пракса го консумирате за појадок, но обидете се да му го промените тајмингот. Овесните снегулки се едни од ретките намирници кои содржат мелатонин, кој ни помага да заспиеме и да го опуштиме нашето тело. Производството на мелатонин во нашето тело се намалува како што старееме, заради што постарите лица почесто страдаат од несоница за разлика од помладите. Затоа оброкот со овесни снегулки за вечера ќе ви помогне да имате цврст сон во текот на ноќта.

Со додавање на малку топло млеко, кое содржи мелатонин и триптофан – амино киселина која ја има и во мисиркиното месо и која исто така нè успива, како и лажичка мед, кој е природен релаксант, ќе добиете перфектно здрав оброк кој ќе ви помогне да потонете во сон.

Банана со бадеми



Кога: 90 минути пред да си легнете

Колку: ½ банана со средна големина и 20-тина бадеми

Оваа вкусна комбинација, богата со калиум, магнезиум и триптофан, ќе ви помогне да имате длабок сон.

Сок од вишни



Кога и колку: една чаша наутро и една чаша два часа пред да си легнете

Слично како кај овесот, вишните ја содржат највисоката количина на природен мелатонин, споредено со било која друга намирница.

Ориз и грав



Кога: Најмалку 4 часа пред да си легнете

Колку: ½ шолја сварен ориз и ½ шолја варен грав

Мешунките се познати по нивната голема количина на магнезиум, фолна киселина, калиум и Б витамини, а сите тие му помагаат на организмот да го стабилизира деноноќниот ритам. Со додавање на висок гликемичен карбохидрат, кој го има во оризот, овој оброк ќе ви помогне да заспиете побрзо. Всушност, оризот ќе ви помогне да потонете во сон, а мешунките ќе ве држат заспани преку ноќта, додека не се одморите како што треба.

Сирење и интегрални крекери



Кога: Најмалку 30 минути пред да заспиете

Колку: 2-3 мали крекери и помало парче сирење

Доколку барате лесна закуска, неколку залчиња од сирење во комбинација со крекери од житарки цело зрно ќе ви помогнат да го одржите циклусот на спиење со зголемување на нивоата на серотонин и мелатонин. Иако овие намирници не се ни во истата фамилија, сирењето не ги затвора вашите очи толку лесно колку топлото млеко, но неговата висока содржина на калциум и триптофан ќе му помогнат на телото да се ослободи од стресот и да се опушти, при тоа стимулирајќи го лачењето на мелатонинот.

Сладок компир со зелен листест зеленчук



Кога: Најмалку 90 минути пред спиење

Колку: 1 помал сладок компир и ½ шолја обарен листест зеленчук (како спанаќ)

Кога слаткиот компир и зелениот листест зеленчук ќе се искомбинираат, тие создаваат моќен извор на калиум кој ќе му помогне на вашето тело да падне во длабок сон кој ќе ве одмори и ќе ви помогне да останете активни во текот на претстојниот ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби