Леб без брашно: Идеален рецепт за слабеење

Лебот е намирница без која тешко можеме да си го замислиме оброкот, барем на нашите простори. Но, истиот е тесно поврзан со дебелеење бидејќи е полн со јаглехидрати. Доколку сепак сакате да уживате во разни сендвичи без грижа на совест, направете си вкусна, мека и здрава верзија на леб без брашно.



Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 100 гр намаз од сирење
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • малку сол

Подготовка:

- Во еден сад издвојте ги белките, додадете малку сол и изматете ги за да добиете цврста пенаста маса.

- Во друг сад ставете ги жолчките, сирењето и прашокот за печиво и сето тоа добро изматете го со мискер додека не добиете хомогена смеса.

- Во добиената смеса постепено додавајте ги матените белки и промешувајте за да се задржи волуменот.

- Тавчето во кое ќе го печете лебот обложете го со хартија за печење, па со лажица земајте од смесата и ставајте ја на хартијата, правејќи повеќе лепчиња помеѓу кои треба да оставите доволно простор.

- Тавчето ставете го во загреана рерна и печете околу 25 минути на температура од 150 степени.



Важно!

Кога ќе го извадите печивото од рерната, ќе ве изненади нивниот изглед сличен на варена белка, но не се грижете бидејќи кога потполно ќе се изладат, печивата треба да се стават во сад со херметички капак и да се остават да отстојат преку ноќ. Во тој период тие во потполност ќе ја променат својата текстура и ќе почнат да наликуваат на вистински леб.

Добиениот леб ќе биде многу вкусен и мек, идеален како прилог за секакви јадења и сендвичи, па во него ќе можете да уживате (умерено, се разбира) без да се грижите за вашата тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби