Дали знаете дека на едноставен начин можете да направите вистински гумени бонбони дома? Бидете креативни и варете заедно со вашите деца.
Во сад за варење сипете половина чаша ладна вода, две супени лажици (20 гр.) желатин и 2 грама желатин во боја со арома.
Варете околу пет до десет минути на среден оган внимавајќи желатинот да не преврие.
Цело време мешајте, а потоа исклучете го огнот и сипете го желатинот во тегла да се олади. Тргнете ја пената.
Земете силоконски модли во облик на мечиња (побарајте ги во продавниците во кои има работи за во кујна) и сипете го желатинот внатре, а потоа ставете ги во замрзнувач на 15-на минути и вашите гумени мечиња се подготвени.
Доколку сакате, во мешавината можете да додадете и една лажица сок од лимон.