Сигурно до сега сте се запрашале како изгледа појадокот низ земјите во кои не сте имале можност да појадувате. Ние Македонците, немаме некој типичен појадок, па често набрзина појадуваме што ни дојде при рака. Децата обожаваат палачинки, кои ги јадат со џем, крем, а понекогаш и со сирење, кашкавал и по некој вид на салама.
Појадоците низ светот се различни, но секаде се сведуваат на минимум, освен во одредени држави, каде што уште рано наутро луѓето консумираат колбаси.