Појадок кој се подготвува додека вие спиете

Погдотвени ли сте за магичен, екстра вкусен и здрав појадок?



Навечер, пред да легнете во кревет, помешајте ги состојките во тегла, па кога ќе станете следното утро, ќе ве чека готов појадок. Хранлив, вкусен и полн со одлична арома.

Ние ви предложуваме да ги испрбате следните варијанти, а со малку креативност можете да смислите и своја омилена варијанта.

Подготовка:

Во поголема тегла ставете:

  • 1/3 шолја овесни снегулки
  • една лажица чиа семе
  • ¼ шолја млеко по избор (кравјо, бадемово...)
  • ¼ шолја јогурт

Со наведените состојки ја добивате базата на вашиот вкусен појадок. Потоа дополнително збогатете ја базата, комбинирајќи ги вашите омилени вкусови, предложени во продолжение.

Магијата на морковот



Ви предложуваме да го пробате морковот, така што на добиената база од наведените состојки, ќе додадете две лажици мед, малку цимет, три лажици рендани свежи моркови и една рака бадеми или ореви.

Боровинки и лимон



Боровинките со лимон се фантастичен начин да го започнете вашиот ден и тоа на тој начин што во базата од основните состојки ќе додадете една лажичка ванилин шеќер, две лажици џем од боровинки, една рака свежи боровинки и малку изрендана кора од лимон.

Јагоди и чоколадо



Не може да не ја пробате фантастичната комбинација на јагоди и чоколадо. Во базата додадете две големи лажици мед, една лажичка какако, една рака свежи исечкани јагоди и две изрендани коцки темно чоколадо.

Банана и ореви



Експлозијата на помешаните вкусови на бананата и оревите ќе ве разбуди и ќе ви посака прекрасен почеток на денот. Едноставно во базата додадете две лажици мед, 3 лажици путер од кикирики, сечкана или пасирана банана и една рака ореви.

Пина колада



Време е за журка, и тоа утринска! Започнете го денот со пина колада вкус, додавајќи во базата една лажица пасирана банана, две лажици грубо мелени бадеми, една рака сечкан свеж ананас и една лажица кокосови трошки.

За подетален преглед на процесот на подготовка, погледнете го видеото:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби