Без брашно: Направете го најздравиот леб на светот

Овој леб го стимулира создавањето на црвени крвни зрнца и хемоглобин, го подобрува отстранувањето на канцерогени и токсични матери од организмот, како и вишокот на холестерол, а се препорачува да се консумира и заради превенција на дијабетес, артеросклероза и целулитис.



Овој вид на леб се прави од из’ртени зрна на пченица, со минимален додаток на квасец и сол, без адитиви, конзерванси и слични материи.

Сите останати видови на леб се разликуваат од овој, пред сè по тоа што останатите содржат брашно со ниска биолошка вредност, со својства кои човечкиот организам практично не може да ги усвои.

Овој леб без брашно изобилува со богатство од протеини, витамини, аминокиселини, масти, јаглени хидрати и разни минерали. Содржината на хранливите влакна е дваесет пати поголема отколку во лебот кој вообичаено се консумира.

На вкусот ќе треба малку да се навикнете бидејќи ова не е типичен мек, надуен бел леб. Но, затоа ги нуди сите предности кои не ги нуди белиот.

За да го направите потребни ќе ви бидат следните состојки:

  • 300 гр пченични зрна
  • 100 гр јачменови снегулки
  • 2 големи лажици сусам
  • 2 големи лажици ленено семе
  • 2 големи лажици семки од сончоглед
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ свеж квасец
  • 50 мл вода

Подготовка:

Процесот на подготовка на овој необичен леб е малку подолг, но не бара премногу време да се направи.

Започнува така што пченицата ја ставаме во сад и ја прелеваме со вода, каде треба да отстои три дена, сè додека не почне да ’рти. Водата треба повремено да ја менувате за пченицата да не добие киселкаст вкус.

По 3 дена, ја процедуваме пченицата од водата и постепено ја мелеме со машина за мелење месо или со помош на блендер. На крајот се добива маса слична на тесто.

Во сомелената пченица ги додаваме снегулките по избор – најдобро е да бидат од јачмен. Снегулките најпрво се натопуваат со млака вода, а откога ќе омекнат добро процедете ги.

Во смесата, по избор, додадете и разни семки (сончогледови, ленени, сусам, семки од тиква и сл.), кои претходно сосема малку ќе ги пропржите на суво тавче.

Во друг помал сад, помешајте 50 мл вода, половина свеж (количината е опционална, може и цел) квасец и една лажичка шеќер. Кога квасецот ќе нарасне, додадете го во смесата за леб и замесете ја со раце. Не би требало да имате потреба за додавање дополнителна количина на вода бидејќи пченицата сама по себе би требало да е доволно влажна.

Во масата за леб додадете и мала лажичка сол, соединете сè добро и ставете ја во калап или тавче за печење, да отстои околу 30 минути. Најдобро е да користите силиконски калапи бидејќи тогаш нема да имате потреба да додадете било какво масло. Додека смесата отстојува во калапот, покријте ја со влажна крпа за да не се создаде кора пред печењето.

Загрејте ја рерната на 220 степени. Пред печење во рерната ставете неколку коцки мраз, за да се овозможи квасецот уште малку да го крене лебот пред кората да стане цврста. Лебот се пече околу 45-50 минути.



Начин на чување:

Откако лебот ќе се излади, обвиткајте го со растеглива фолија и чувајте го во фрижидер. Лебот може го распределите и на дневни порции и да го ставите во замрзнувач, па потоа да го одмрзнувате по потреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби