Пржени лепчиња на три необични начини

Пржените лепчиња често се наоѓаат на нашата трпеза, а нив најмногу ги сакаат децата. Најчесто ги консумираме со чаша јогурт за појадок. Но, сакате ли да испробате комбинација на вкусови кои ќе ви приредат вкусно и необично искуство?

ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА СО ЦИМЕТ



Потребни состојки:

  • 4 парчиња бел леб
  • 2 јајца
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 мала лажичка цимет
  • ½ мала лажичка шеќер

Подготовка:

Помешајте ги јајцата, млекото, маслиновото масло, циметот и шеќерот. Загрејте го тавчето на средно силен оган. Потопете го лебот во смесата и потоа пржете додека и двете страни не добијат кафеавкаста боја. По желба попрскајте ги со шеќер и сервирајте додека се уште се врели.

ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА СО ВАНИЛА



Потребни состојки:

  • ¼ шолја брашно
  • 1 шолја млеко
  • 3 јајца
  • ½ мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка цимет
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица шеќер
  • 12 тенко исечени парчиња бел леб

Подготовка:

Ставете го брашното во голема чинија. Постепено додадете ги млекото, изматените јајца, ванилата, циметот, сол и шеќерот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Загрејте го тавчето на средно силен оган. Потопете го лебот во смесата и потоа пржете додека и двете страни добијат кафеава нијанса. Сервирајте додека се врели.

ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА СО РУМ

Потребни состојки:

  • 12 парчиња бел леб
  • 4 јајца
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • ½ мала лажичка цимет
  • 1 лажица рум
  • 1 до 2 лажици мед
  • малку масло

Подготовка:

Ставете ги јајцата, шеќерот, циметот и румот во голема чинија и соединете ја смесата. Загрејте го тавчето на средно силен оган и пржете ги лепчињата додека не поцрвенат. Кога ќе ги извадите од тавчето ставете ги на кујнска хартија за да се отстрани од нив вишокот масло. Ставете ги на чинија, па полијте ги со мед по вкус и послужете ги. Исто така, може да се сервираат и со мармалад или чоколаден крем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби