Вкусен домашен путер од кикирики

Дали сте вие меѓу оние кои го обожуваат вкусот на путерот од кикирики?

Кикириките се добар извор на монозаситени масти, богати се со витамин Е, Б комплекс, и манган. Исто така, кикириките имаат антиоксидативни, антимикробни и антигабични својства. Благодарение на големата содржина на растителни влакна, се смета дека кикириките може да го заштитат организмот од рак на дебелото црево.



Путерот од кикирики важи за еден од најголемите извори на здрави масти, кои им се препорачуваат на оние кои имаат потреба од поголема енергија. Овој намаз е особено популарен во САД и Англија, а го има и во нашите маркети. Но, зошто да не го направте сами? Ви претставуваме едноставен и лесен рецепт за вкусен домашен путер од кикирики.

Потребни состојки:

  • 500 гр кикирики (печени или непечени)
  • 1-2 лажици масло
  • 1-2 мали лажички морска сол
  • 1 лажица мед

Подготовка:



Доколку сте набавиле печени кикирики, добро исчистете ги од лушпата. Доколку сте набавиле непечени, распоредете ги во тавче и ставете ги во загреана рерна да се печат 40-60 минути – внимавајте да не ги препечете. Потоа оставете ги да се изладат, па исчистете ги од лушпата.

Исчистените печени кикирики ставете ги во блендер или мултипрактик миксер и сомелете ги најситно што може. Додадете ги солта, медот и маслото. Се препорачува да користите масло од кикирики или кокосово, но слободно можете да употребите и маслоново или сончогледово. Продолжете да блендирате додека не добиете убаво хомогенизирана и мазна смеса, без грутки.

Добиениот путер од кикирики ставете го во тегла и чувајте го во фрижидер. Уживајте во неговиот неодолив вкус, кој можете да го комбинирате со банани, мармалад, ореви, сладолед од ванила... употребете ја вашата имагинација!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби