Тајната на совршени крцкави пржени компирчиња

Иако знаеме дека не се баш најздравата опција, никако не можеме да останеме рамнодушни пред пржени компирчиња. Тие се едноставно неодоливи, како за најмалечките, така и за нас повозрасните.



Понекогаш можеме да си дозволиме да направиме исклучок од здравата исхрана и да уживаме во ова толку ендоставно, а сепак толку совршено кулинарско „достигнување“.

За да направите совршен помфрит, погрижете се да користите компири со помалку скроб, а ќе ги препознаете по кората која не е цврста и која лесно се лупи.

Добро измијте ги компирите, излупете ги и исечкајте ги, а потоа ставете ги во тенчере со вода што врие, малку посолена.

Кога исечканите компири ќе се сварат, извадете ги, добро исушете ги и ставете ги во пластична кеса.



Кесата ставете ја во замрзнувач да отстои 3 до 4 часа. Потоа извадете ги компирчињата и ставете ги во загреано тавче со врело масло и пржете ги додека да не добијат кафеавкаста нијанса.

Вашиот совршен помфрит е готов!

Препорака: Доколку сакате можете да направите повеќе пакувања од варените компирчиња и да ги чувате во замрзнувачот, вадејќи ги кога ќе имате потреба.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби