Прославете го нејзиниот ден:

Чизкејк со Нутела

Денес се одбележува Светскиот ден на Нутела, крем од лешник кој денес ширум светот е еден од најпопуларните „слатки гревови“ за сите љубители на чоколадо.

Главната состојка е лешникот, типичен производ од покраината Пијемонт, од каде потекнува фамилијата Фереро, основачите на фирмата која во 1964-та прв пат Нутелата излегла на пазарот. Нутела всушност е мешавина од чоколадо и лешник развиена во Италија после големите даноци кои оневозможувале тогаш нормално производство на чоколадо. Точната содржина на производот е строго чувана од страна на Фереро. Според ознаките на амбалажата, главните состојки се различни билни масла, лешници и какао (овие состојки се само 20 отсто од производот).

Рецептот не е ист за сите земји, на пр. во Италија таа содржи помалку шеќер од онаа произведена во Франција. Овој крем се продава како крем од лешници бидејќи по италијанските закони нема доволно концентрација на какао за да биде чоколаден крем.

Ние за денеска ви нудиме вкусен чизкејк со Нутела.

Потребни состојки:

  • 1,5 до 2 банани
  • 70 гр. овесни житарки
  • 300 гр. крем сир (може и кремасто свежо сирење)
  • 80 гр. кафеав шеќер
  • 1 големо јајце или 2 мали
  • 3 лажици Нутела (може и повеќе или помалку, по желба)

Подготовка:

1. Ставете да се загрева рерната на 160 степени

2. Калапот обложете го со хартија за печење

3. Во еден сад здробете ги бананите со виљушка и додадете ги овесните житарки. Сето тоа добро измешајте го. На дното на калапот излијте ја смесата и израмнете.

4. Со миксер измиксајте го сирењето до кремаста структура. Додадете шеќер и повторно миксајте додека не добиете кремаста структура. Додадете го јајцето и уште малку миксајте додека се не се спои. Излијте ја во калап над првата смеса од банани и овесни житарки.

5. Стопете ја малку Нутелата на млак оган, потоа излијте ја во калапот над смесата од сирењето. Со нож поминете низ смесата и направете шари.

6. Ставете го во загреаната рерна и печете околу 20 до 25 минути.

7. Изладете го колачот малку на собна температура, потоа префрлете го во фрижидер да се излади барем 2 часа пред консумација.

Доколку не сте љубители на овесни житарки, подлогата можете да ја направите и од 130 гр. петит-бер кекси, 80 гр. масло и 2 лажици шеќер.

Felice giorno della Nutella!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби