Посен рецепт за неодоливите ишлери

Велигденскиот пост е во полн ек, па оние кои се одлучиле на ваквиот режим на исхрана постојано бараат рецепти кои не содржат намирници од животинско потекло. Затоа ние сме тука за вас, со овој посен рецепт на омилените колачиња ишлери, во кои можат да уживаат и оние кои не се на пост.



Потребни состојки:

  • 180 гр маргарин

  • 100 гр шеќер во прав

  • 100 гр печени мелени лешници

  • 200 гр брашно

  • мармалад од кајсии

За глазура:

  • 250 гр шеќер во прав

  • 100 гр чоколадо

  • половина чаша вода

  • малку маргарин

Подготовка:

Од сите состојки (без мармаладот и оние за глазурата) замесете тесто и оставете го да отстои во фрижидер половина час. Потоа развијте го во дебелина од половина сантиметар, извадете модла или чаша и направете кругчиња. Поставете ги кругчињата на тавче обложено со хартија за печење и ставете ги во рерна да се печат на умерена температура отприлика 20-тина минути. Кога ќе забележите дека се готови, извадете ги и оставете ги малку да се подоладат.

За тоа време направете ја глазурата. Зовријте ја водата со шеќерот, така што масата ќе стане густа како за слатко, во неа ставете го чоколадото добро да се растопи и со постојано мешање додадете го и маргаринот. Оставете ја глазурата да се подолади.

Половина од печените кругчиња премачкате ги со мармалад од кајсии, поклопете ги со другите кругчиња и потоа од горната страна потопете ги во глазурата од чоколадо. Вашите домашни посни ишлери се готови. Уживајте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби