Ги фрламе без да знаеме колку многу се корисни

Морковот важи за особено здрав зеленчук, богат со витамини, особено витамин А и бета каротен, како и многу минерали, а познат е и по неговото антиоксидативно и антимикробно дејство.



Иако овие портокалови плодови, кои всушност се коренот на растението, ги консумираме често, речиси никој не е свесен за хранливоста на неговите рачки и ливчиња.

Листовите на морковот воопшто не се отровни и потполно се поволни за јадење. Единствениот аргумент против е состојката фурокумарин, на која некои луѓе може да реагираат со благ алергиски дерматитис и тоа само доколку се изложени на сонце. Истата состојка ја содржи и листот на пашканатот.

Младите ливчиња на морковот се исклучително богат извор на витамини и минерали, па затоа во пролетниот период треба максимално да се искористи оваа намирница. По некои лековити својства листовите на морковот се дури и поквалитетни од самиот корен. Содржат повеќе витамин Ц од коренот и повеќе витамин К од било кој друг вид на зеленчук.

Имаат детоксикациско дејство врз црниот дроб и врз целото тело. Богати се со цела низа на други минерали кои позитивно делуваат на метаболизмот, како и на спречување на развојот на тумор. Делуваат антисептички, ефикасни се против лошиот здив, против болести на непцата, како и при забоболка.



Богатството на калиум им дава на овие ливчиња малку горчлив вкус, но тоа не е причина за нивно избегнување. Горчината може да се ублажи со готвење. Листовите на морковот можете да ги користите во супи, салати, омлети и во други јадења бидејќи истите се одлични за прочистување на организмот.

Со оглед на истакнатото својство на чистење и активност на метаболизмот, овој пролетен период е идеален за консумација на овие листови. За најлесна примена, ставете ги истите во блендер, во комбинација со самиот морков, јаболко, лимон, банана и било кој друг вид на овошје или зеленчук за кој сметате дека би одговарал и додавајќи малку вода или јогурт, направете екстра здрав напиток кој ќе ви замени цел оброк и ќе го нахрани вашето тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби