Печениот компир е еден од наједноставните начини како да приготвите компир и потполно да уживате во него. Сепак, што велите за нешто ново и невообичаено кое сигурно досега не ви паднало на ум?
Рецептот е мошне едноставен, а совршениот вкус се сведува на техниката на приготвување која е дело на еден аргентински шеф.
Се што ќе ви биде потребно се неколку компири со средна големина, путер и зачини по избор.
Најпрвин стопете го путерот за да може да се одделат млечните компоненти од него, па процедете го и оставете го да се излади.
Во меѓувреме исечете го компирот како што е прикажано на сликата и наредете го во плех.
Со лажичка ставете по малку од ладниот путер на секој сет од компири и посолете. Печете додека нè заруменат.
Остатоците од компирите можете да ги искористите за вкусно пире или пак да ги испржите.