Пица со тесто од карфиол

Не постои човек кој не сака пица било да е стандардна капричиоза или пак пица приготвена со поегзотичен мастраф. Овој пат ви преставуваме малку поинаква верзија на пица која сигурно не сте имале можност да ја вкусите. Разликата е во тестото, кое наместо со брашно е приготвено со карфиол.

Потребни состојки за кората:

  • 4 шолји свеж блендиран карфиол
  • 1 матено јајце
  • 1/3 шолја козјо или рикота сирење
  • 1 лажичка оригано
  • Сол и бибер по потреба

Состојките кои ќе ги ставите врз кората варираат во зависност од вашиот вкус.

Начин на подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 180 степени. Земете го карфиолот и ставете го во блендер додека не добиете смеса слична на ориз. Во длабок сад зовријте вода, ставете ја смесата и варете 5 минути. Откако сте го направиле тоа добро процедете.

Добиената смеса од карфиол ставете ја во чиста крпа за го отстраните вишокот течност. Потоа префрлете ја во сад каде што ќе го додадете матеното јајце, сирењето и зачините. Убаво измешајте.

Во тавче прво ставете хартија за печење, а потоа полека натапкајте ја смесата така што да не биде потенка од 8 мм. Печете од 25 до 35 минути или додека кората не добие златно жолта боја. Потоа извадете ја тавата од рерна и врз кората за пица од карфиол наредете печурки, кашкавал, кечап, салама...Печете уште 5 до 10 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби