Кое млеко е најздраво од сите?

Иако треба да внимаваме во колкава количина и кога го пиеме, млекото е и тоа како вкусен и здрав напиток кој е дел од разновидната исхрана. Денес низ маркетите или продавниците за здрава храна можеме да најдеме и други видови на млеко, почнувајќи од соино, оризово, бадемово, кокосово, до она наменето за луѓето кои се интолерантни на лактоза.

Но, кое млеко е најздраво?



Млекото од животниско потекло е најздрав избор за речиси секој човек. Млекото и млечните производи ни даваат голема количина на хранливи материи, како протеини и лесно сварлива маст, шеќер, минерали, липиди и витамините А и Д.

Овчото млеко е побогато со протеини од кравјото млеко. Козјото, пак, по составот е многу слично на кравјото, но побрзо се вари и се апросбира во организмот, а не содржи фолна киселина. Единствено млекото од кобила во својот состав содржи витамин Ц, па се користи во лековити цели.

Но, млекото содржи лактоза и не е препорачливо за оние кои не можат да ја варат оваа состојка, бидејќи ќе им предизвика тегоби.

Алтернатива богата со протеини: Соино млеко

Соиното млеко е одличен облик за консумирање на сојата. Лесно е сварливо, изобилува со протеини, јаглехидрати и квалитетни масти, а не содржи холестерол.

Оваа намирница е одлична за целата популација, особено за луѓето кои се интолерантни на лактоза и имаат проблеми со дигестијата.



За луѓето склони кон алергии: Оризово млеко

Оризот е намирница која докажано најретко создава алерии, а илјадници години главна храна на многу народи.

Оризовото млеко е богат извор на лесно сварливи сложени јаглехидрати, не содржи заситени масти, ниту холестерол.

За оние со висок холестерол во крвта: Млеко од овес

Редовното користење на овесно млеко во исхраната го намалува нивото на масти и холестерол во крвта, што покрај одличниот вкус, може да биде дополнителен аргумент за консумирање.

Овесното млеко е погусто од оризовото и соиното, може да се најде без било какви додатоци и одлично се комбинира со слатки или солени јадења.



За оние на диета: Бадемово млеко

Овој вкусен вид на млеко, кој е богат со калциум и витамин Д, но сиромашен со протеини, може да го направите и дома.

Рецепт - потребни состојки:

  • Половина шолја бадеми (непечени и несолени)
  • 2 шолји вода
  • по желба: малку сол, мед, екстракт од ванила

Бадемите ставете ги да отстојат малку во вода, за да можете лесно да ги излупите. Потоа, излупените бадеми ставете ги во бландер, додадете шолја вода и миксајте на голема брзина, додека не добиете рамномерна густа смеса. Додадете ја преостанатата шолја вода, а доколку имате потреба можете и да ја зголемите количината. Измиксајте повторно и потоа процедете го добиеното бадемово млеко. Остатокот од бадемите можете да го исушите и да го користите за правење колачи.



За да биде млекото повкусно, разладете го пред употреба. Можете да го зачините и со неколку зрнца сол, мед или екстракт од ванила. Во фрижидер можете да го чувате неколку дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби