Сите ќе ги обожаваат: Домашни крем банани

Ако и вас ви се омилени малите крем банани, тогаш сигурно сакате да си ги направите дома и да ги јадете кога и да посакате. Според овој рецепт, крем бананите се прават во плех, но многу подобро би било доколку најдете калапи во вид на банани (на пазар или во добро снабдени супермаркети) и истата смеса ја ставите во нив.



Потребни состојки:

  • 2дцл вода
  • 750гр шеќер
  • 2 кесички желатин
  • Екстракт од банана (количината зависи од вкусот, па може да ставите половина или еден цел екстракт)
  • 100гр чоколадо

Зовријте ги водата и шеќерот додека не почнат да пенат, па тргнете ги од оган. Додајте го претходно разматениот желатин во водата и вратете ги состојките на оган мешајќи ги пет минути. По 5 минути тргнете го тенџерето од оган и матете со миксер околу 10 минути додавајќи го екстрактот од банана. Намачкајте го плехот или калапите со масло и ставете ја смесата.

Ако сте ја ставиле во плех, само премачкајте ја смесата со чоколадна глазура и ставете ги во фрижидер за да стегнат. Но, доколку користете калапи, оставете ги во фрижидер да зацврстат, па потоа натопете ги во растопено чоколадо и вратете ги повторно во фрижидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби