Зошто се урмите толку моќно овошје?

Урмите претставуваат високо енергетско овошје, кое се одгледува во тропските краишта, а се смета дека потекнуваат од Африка и се меѓу првите видови на овошје кои човекот започнал да ги одгледува.



Овие плодови содржат многу малку масти и протеини, но изобилуваат со јаглехидрати. 100 грана урми содржат енергетска вредност од 314 kcal, а истата количина осигурува преку 15 % од дневните потреби за селен, бакар, калиум и магнезиум.

Најзастапени витамини се витамините од групата Б, како и витаминот Ц. Исто така, овие плодови се богати со хранливи влакна (8 гр/100 гр), од кои поголемиот дел се нерастворливи, а претставуваат и добар извор на антиоксиданси.

Месниот дел од плодот содржи 44-88 % од вкупните шеќери (најмногу се застапени глукозата и фруктозата), масти (0,2-0,5 %), вода (14 %) и протеини (2,3-5,6 %).



Од минералите, урмите содржат најмногу калиум, додека останатите се присутни во помали количини.

Интересно е тоа дека урмите содржат и флуор, кој е важен за заштита на забите од кариес, како и селен, кој го зајакнува нашиот имунолошки систем. Урмите содржат дури 23 видови аминокиселини.

Широката содржина на различни есенцијални нутриенти и позитивните ефекти кои ги имаат врз здравјето, ги прават урмите да се сметаат за речиси идеална храна.

Овие плодови консумирани како ужина, ќе ви обезбедат доволно енергија за остатокот од денот, а може како и останатото суво овошје, да се искористат за подготовка на разни колачи и торти, каде можат да бидат замена за шеќерот заради нивниот богат и благ вкус.



Еве зошто урмите се толку корисни за нас:

  • претставуваат одличен извор на железо
  • содржат витамини корисни за здравјето на очите
  • помагаат да се запре дијареата
  • од друга страна се лек за тврдата столица
  • го намалуваат холестеролот
  • го зајакнуваат срцето
  • го намалуваат крвниот притисок
  • штитат од мозочен удар
  • претставуваат одлична храна за мозкот
  • делуваат како енергетски стимуланс
  • ја зголемуваат сексуалната издржливост
  • идеална храна за време на пост
  • ја зајакнуваат забната глеѓ, благодарение на флуорот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби