Зошто не смеете да ја одмрзнувате храната на собна температура?

Во голема мера здравјето ни зависи од храната која секојдневно ја внесуваме во нашиот организам. Многу навики кои ни се чинат сосема нормални всушност се штетни за нашето здравје. Глобализацијата во производство и пласман на храната отворила нови патишта за контаминација на бактериите, вирусите, паразитите и хемикалиите.



Се потешко е да се утврдат болестите поврзани со намирниците кои потекнуваат од разни земји, смета Светската здравствена организација. Со контаминираната храна и вода во организмот влегуваат штетни бактерии, вируси, паразити или хемиски соединенија, предизвикувајќи разни болести, обично инфективни или токсични по природа. Патогените микроорганизми во храната може да предизвикаат над 200 различни болести, меѓу кои и тешки облици на дијареја или инфекции опасни по живот, како што е менингитисот.

Болестите попратени со дијареа, предизвикани од загадена храна или вода, годишно усмртува околу 2 милиони луѓе, вклучувајќи и голем број на деца. Хемиските загадувачи може да предизвикаат акутни труења, а нивната долготрајна консумација може да доведе до канцерогени заболувања. Поради јадење на загадена храна, се проценува дека во 2010 година починале 351.000 луѓе, а заболеле 582.000.000, при што повеќе од 40% од заболените биле деца помали од 5 години. Најголем број на смртни случаи биле предизвикани од труењето со салмонела.



Поради спречувањето на преносот на микроорганизмите, многу е важно да се одржува чистотата на рацете, храната и приборот со кој се припрема храната. Готвената храна треба да се одвои од сировата, бидејќи сировата храна, особено пилешкото месо и морските плодови, може да содржат микроорганизми кои за време на термичката обработка може да се пренесат на другата храна.

Храната треба добро да се обработи термички, особено меленото месо, пилешкото и печеницата, а се покажало дека обработката на 70°С допринесува до нејзина безбедност. Со оглед дека микроорганизмите може да се размножуваат многу брзо, зготвената или печена храна не треба да ја оставате подолго од два часа надвор од фрижидерот, а се препорачува и смрзнатата храна да не ја одмрзнувате на собра температура, бидејќи водата и ледот може да бидат загадени со опасни микроорганизми и хемикалии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби