Посна торта без масло од Бигорски Манастир

За Велигденските пости решивме да ви понудиме вкусен десерт кој се подготвува во македонскиот Христијански, Православен, Духовен, Благодатен бисер - Бигорскиот Манастир “Свети Јован Крстител“.

Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло. Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Исус пред да почне да го проповеда своето учење, (откако бил крстен), 40 дена минал во пустина во строг пост и молитви.

Потребни состојки за посна торта без масло

  • Ладна вода 15 лажици
  • Шеќер 15 лажици
  • Сода бикарбона 1 лажиче
  • Брашно 15 лажици
  • Ореви 250 г.
  • Суво грозје 100 г.
  • Гриз 250 г.
  • 1 Пециво
  • Кокос
  • Шеќер 500 г.

Начин на подготовка

Во длабок сад со дрвена лажица се мешаат водата и шеќерот, се додава сода бикарбона и со постепено мешање се додава брашното потоа исецканите ореви, сувото грозје, гризот и на крај пецивото. Откако смесата ќе стане хомогена се пече во тавче обложено со хартија за печење  на 180°C околу 30 мин. Се проверува со чепкалка за заби за да се види дали тортата е печена. Откако ќе се излади се сече на парчиња и се полева со топол шербет, а може да се посипе и со сецкани ореви или кокос.

Подготовка на шербетот: 500 г. шеќер се вари со 500 мл. вода петнаесет минути.

Рецептот е превземен од Магерницата на Бигорски Манастир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби