Крап на манастирски начин

Магерницата на Бигорски Манастир изоболува со вкусни јадења. Ние овојпат ви претставуваме нешто кое што можете да го направите за денешниот неделен ручек.

Потребни состојки:

  • Крап
  • Кромид 1 кг.
  • 3 Моркови
  • 1 китка магдонос
  • Вино 2 дл.
  • Домата  2 дл. или 2 домати
  • 1 главица лук
  • Масло
  • Зачин од зеленчук
  • Сол
  • Црн бибер
  • 3 Ловорови листа

Начин на подготовка:

Крапот најпрвин внимателно се чисти од крлушките па се расекува на стомакот, му се вади внатрешноста и темелно се мие. Потоа се посолува со крупна сол и се остава да одстои 4 до 5 часа. Настрана се сецкаат на парчиња кромидот, морковот и лукот, им се додава убаво измиениот и ситно исецкан магдонос, се додава малку сол, зачин од зеленчук, ловоров лист и црн бибер. Тавата се премачкува со масло и во неа се става половина од смесата, со истата смеса се полни крапот и се реди во тавата, а отстрана му се додава останатата смеса.

Најпосле крапот се полева со виното, доматата, останатото масло и малку вода и се става да се пече на 200ᴼC околу 1 час. 

Рецептот е превземен од Магерницата на Бигорски Манастир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби