5 трикови во микробранова кои ви требаат во животот

Микробрановата печка е можеби еден од најпрактичните изуми за домаќинството. Нејзе постојано ја користиме за да си го подгрееме оброкот или шолјата млеко.

Кога ќе ги прочитате овие неколку трикови, животот без микробрановата печка ќе ви биде уште понезамислив.

Брза подготовка на тако

Ставете ги тортиљите за тако во шолји за кафе, кои ќе ги поставите налегнати во чинија. Грејте ги во микробрановата печка, а потоа наредете ги со соодветните состојки и добијте инстант вкусни тако залчиња.



Направете млечна пена за кафе

Ставете малку млеко во тегличка, затворете ја и тресете ја 30-тина секунди. Потоа ставете ја во микробрановата да се грее уште 30 секунди, без капачето. Ќе забележите дека пената расте. Во шолјата со кафе додадете ја млечната пена и ќе добиете совршен напиток.



Полесно исцедете ги цитрусите

Пресечете го портокалот или лимонот на половина, и поставете ги половинките во една чинија со кората надолу, а потоа ставете ги во микробрановата печка да се греат 10-20 секунди. Овој трик ќе ви помогне да извлечете повеќе сок.



Направете крцкава печена сланина

За овој трик потребни ќе ви бидат тенко исечени парчиња сланина и кујнска хартија. Наредете ги парчињата сланина без да се преклопуваат, помеѓу два слоја хартија и ставете ги во микробрановата да се печат 60 секунди. Ќе добиете божествена крцкава сланина.



Направете пуканки без мака

За да направите вкусни пуканки не мора да се мачите со тенџериња. Земете една хартиена кесичка и во неа ставете суви зрнца пченка. Внимавајте да не бидат премногу бидејќи нивниот волумен значајно ќе нарасне како што ќе се претвораат во пуканки. Превиткајте го отворот од кесичката неколку пати за да не се отвори при пукањето. Потоа ставете го во микробранова печка да се грее 3 минути или додека не забележите дека пукањето престанува.

За подетално да ги проследите наведените чекори од овие 5 трикови, погледнете го видеото:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби