Компири, кашкавал и сланина: Доволно за совршен ручек

Вкусните крокети од компир со сланина изгледаат фантастично, а нивниот вкус ќе ве остави без коментар.

Овој специјалитет всушност не е тешко да се направи, а секако доколку ги подготвите кога дома чекате гости, тогаш ќе оставите одличен впечаток. За овој необичен вкусен ручек ви се потребни следните состојки:

  • Компир
  • Кашкавал
  • Путер
  • 1 шолја презли
  • Масло
  • Сол
  • Бибер
  • Павлака

Во поголем лонец сварете го компирот кој претходно добро сте го измиле. Кога ќе се свари, исцедете го, излупете го и додадете коцка путер, посолете и забиберете, испасирајте така што да добиете тесто.

Подгответе го кашкавалот кој сте го исецкале на коцки. Земете парче сирење и ставете го во тестото, а потоа обликувајте топчиња.

На секое топче ставете по две парчиња сланина и прицврстете ги со стапчиња за ражнич. Топчињата од компир извалкајте ги во презла, па потоа пржете ги во подлабок сад со масло.

Крокетите служете ги со сос од павлака и оригано. Тука можете да додадете малку мајонез, кари или пак сенф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби