Сигурно веќе сте слушнале за одредени намирници кои го поттикнуваат либидото, но што мислите дека би се случило доколку искомбинирате неколку внимателно избрани и моќни природни афродизијаци?
Токму такво нешто можете да направите и сами. Покрај тоа што е неодоливо вкусен, овој секси шејк има навистина силни моќни својства и заради тоа добро размислете кому ќе му го сервирате.
За оваа вкусна секси бомба ќе ви бидат потребни следните состојки:
- ½ шолја исечкан ананас
- 1/3 шолја индиски ореви
- 1 лажичка кокосово масло
- ¼ лажичка изрендан свеж ѓумбир
- ½ замрзната банана
- малку изрендано црно чоколадо
Ставете ги сите состојки освен чоколадото во блендер и миксајте додека не добиете хомогена смеса. По потреба, за посакуваната густина можете да додадете малку вода или јогурт. На самиот крај при сервирање попрскајте одозгора рендано чоколадо.
На здравје!