10 работи кои не сте ги знаеле за јагодите

Сезоната на јагоди започна, па сега конечно можеме да уживаме во омилените црвени јаготки со неодолив вкус, кои изминативе месеци со душа ги чекавме да израснат. Ви претставуваме неколку интересни податоци за ова овошје, кои веројатно не ги знаете.



- Јагода со просечна големина содржи 200 семки.

- Јагодата е член на фамилијата ружи.

- Во Белгија постои музеј кој е посветен само на јагодите.

- Во средниот век, јагодите се служеле на важни настани воглавно на богатите и благородни луѓе.

- Шест јагоди со средна големина ја задоволуваат дневната потреба за витамин Ц.

- Иако доаѓа до грешка, ботаничарите не ги класифицираат јагодите како бобинки. Имено, бобинките, како што се боровинките и рибизлите, имаат семки во внатрешноста на плодот, додека јагодите имаат семки на надворешната страна. Со тоа, јагодите спаѓаат во јагодесто овошје, заедно со капините, малините и дудинките.



- Консумацијата на јагоди, кои се богати со нитрати, може да го зголеми протокот на крв и кислород до мускулите за 7 проценти. Ова го намалува заморот на мускулите и го олеснува вежбањето.

- Осум јагоди задоволуваат 20 проценти од дневната потреба на организмот за фолна киселина, која им е особено потребна на бремените жени, како и на лицата со намален имунитет.

- 150 грама јагоди содржат само 45 калории.

- Јагодите би требало да имаат интензивен мирис. Оние кои го немаат се уште не се зрели. Имајте на ум дека јагодите не созреваат откако ќе се наберат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби