„Путер кафе“ – нов тренд за слабеење

Прашањето дали кафето е добро да се пие доколку сакаме да ослабеме се уште е многу дискутабилно и мислењата за тоа се поделени. Но, еден нов вид на кафе станува многу популарен меѓу оние кои се борат против вишокот на килограми.



Станува збор за путер-кафето, кое всушност е дупло еспресо со густа пена, лажица путер и лажица кокосово масло. Можеби ви звучи чудно, но популарноста на овој напиток веќе се рашири низ Америка и Велика Британија. Новите истражувања откриваат дека мастите се подобри за нашето тело од шеќерите, особено кога се работи за телесната тежина.

Масното кафе за сега може да се купи на неколку места во Лондон, а истото лесно може да го направите дома самите. Некои обожаватели го пијат дури и како замена за оброк. Тие тврдат дека оваа комбинација на состојки е совршена за појадок во чаша, кој истовремено дава енергија, ја подобрува концентрацијата, согорува калории и го одржува чувството на ситост.



Негативно е тоа што има малку специфичен вкус и тоа што повеќемина кои го пробале за прв пат имале проблеми со дијареа и мачнини.

Овој масен напиток го осмислил американскиот претприемач Дејв Аспреј, кој пиел чај со путер додека патувал низ Тибет. Така дошол до идеја да измисли пијалак со ниска содржина на јаглехидрати и високо ниво на масти, кои, како што вели тој, штитат од замор и некои хронични болести, а овозможуваат и слабеење. Оние кои го пијат овој пијалак наутро, наводно остануваат сити до ручек.

Путер-кафето е најважниот фактор во неговата диета. Тоа се прави од органско кафе, путер и органско кокосово масло. Со мешање на овие состојки се добива кремасто кафе со вкус на кокос, кое останува во устата после пиењето.



Многу нутриционисти веќе ја имаат применето оваа диета и станале нејзини заговорници, но во исто време постојат многу експерти на кои не им е јасно како ова кафе може да допринесе за слабеењето.

Според зборовите на нутриционистот Сараха Шенкер, со пиење на високомасни и висококалорични напитоци всушност можете лесно да се здебелите, наместо да ослабете. Но, поборниците на ова кафе својата теорија ја бранат со фактот дека истото долго ве држи сити и ве спречува да посегнете по покалорични намирници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби