7 (не)здрави намирници кои се штетни за вас!

Ако јадете цела кутија со колачи одеднаш јасно ви е дека тоа ви штети, но еднакво е штетно доколку претерате со консумација на одредена здрава храна.

Дознајте во кои шест благотворни намирници треба да уживате умерено.

1. Спанаќ

Тој е извор на белковини, влакна, витамини и минерали, помага во зачувување на видот. Сепак, спанаќ содржи големи количини на оксалат, супстанца која помага во создавање на камења во бубрезите па поради тоа тој треба да се јаде во умерени количини.

2. Портокали и домати

Ако јадете преголемо количество портокали и домати, нивната киселина може да предизвика гастроезофагеален рефлукс, нарушување на желудникот кое се карактеризира со незгодни симптоми како болка во грлото, но и повраќање. Не се препорачува да се јадат повеќе од два портокали или домати дневно.

3. Конзервирана туна

Ако јадете пречесто конзервирана туна, постои опасност организмот да ви се „предозира“ со жива со оглед дека овој елемент во туната се наоѓа во поголеми количини. Претераното внесување на жива може да предизвика ослабување на видот, слухот, нарушени координација и слабост во мускулите. Туната се ограничува на максимално две конзерви неделно.

4. Соја

Доколку ја консумирате сојата умерено таа поволно ќе влијае на холестеролот и крвниот притисок, но ако претерате со сојата ќе спречите апсорпција на железо и ќе предизвика анемија. Затоа не јадете повеќе од една порција соја дневно.

5. Бразилски оревчиња

Оваа фина ужина е богата со протеини, влакна, есенцијални масни киселини и селен кои во крвта го намалува холестеролот и крвниот притисок. Сепак, селенот во поголеми количини може да е токсичен и да предизвика губење на косата, кршливи нокти, дерматитис и невролошки проблеми. Јадете не повеќе од десет бразилски ореви на ден.

6. Вода

Хидратација е од суштинско значење за добро здравје, но прекумерната консумација од најздравиот пијалак на планетата може да предизвика интоксикација со вода. Премногу вода го раствора натриум во телото, и ниското ниво на натриум може да ја наруши функцијата на мозокот. Како да знаете дали пиете многу вода? Ако урината секогаш ви е проѕирна, намалете го внесот на вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби