Неодоливи мафини со лимон кои се топат во уста

Меко тесто и неодолив фил со лимон кој ќе ги освежи сите ваши сетила.

Потребни состојки:

  • 3 шолји брашно
  • Кесичка прашок за пециво
  • Пола лажичка сол
  • 1 шолја несолен путер
  • 2 шолји бел шеќер
  • 4 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици лимонова кора
  • 1 шолја полномасно млеко
  • 4 лажици свеж сок од лимон
  • 2 шолји слатка павлака
  • ¾ шолја шеќер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Во калапот за мафини ставете книжни корпички.

2. Измешајте го брашното со прашакот за пециво. Во друг сад, измиксајте го несолениот путер и шеќерот, се додека смесата не стане соединета. Потоа едно по едно додадете ги јајцата и цело време мешајте ги состојките. Сега во смесата сипете го екстрактот од ванила и лимонова кора.

3. Брашното (од првиот сад) сипете го во смесата со путерот (во вториот сад). Во смесата наизменично додавајте млеко, лимонов сок и брашно. Цело време со миксер миксајте ги состојките.

4. Кога тестото е готово, сипете го во подготвените корпички за капкејк, притоа полнете ¾ од корпичката. Во загреаната рерна печете ги колачите околу 17 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги добро да се изладат.

5. За подготовка на кремастиот фил, сипете ја слатката павлака во сад и матете со миксер, се додека таа не започне да се згуснува. Постепено додавајте шеќер и сок од лимон, цело време миксајќи ги состојките. Кога филот ќе биде готов, украсете ги капкејковите со крем од лимон, кој ќе се топи во уста!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби