Што појадуваат професионалците?

Веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Храната која ја внесувате наутро може да има влијание на тоа колку сте гладни, па дури и дали се чувствувате задоволно подоцна во текот на денот. Еве што за појадок консумираат оние кои се грижат за своето тело и здравје.

Банана и овесна каша



- Сакам житарки, а моја омилена комбинација е шлаг, банана и овесни снегулки. Ги правам со млако, а додавам и дополнителни интегрални житарки, протеини и здрави масти, вели Кет, блогерка за здрав живот и основач на Kath Eats Real Food.

Здрави палачинки



- Повеќето мои утра подразбираат протеински палачинки прелиени со свежи бобинки, како боровинки, заедно со вода, кафе или зелен чај. Рецептот за протеински палачинки е едноставен и вклучува една лажичка протеин во прав, белка од јајце и пире од банана и ленено семе, вели Британи Малинс, личен тренер и креатор на блогот Eating Bird Food.

Мафини со спанаќ



- Го сакам фактот дека можам да ги подготвам и да ги јадам во текот на целата недела. Едноставно помешајте спанаќ (свеж или замрзнат) по ваша желба, 5 јајца, 200 мл млеко и една шолја издробено сирење. Смесата истурете ја во садови за мафини и испечете. Ќе добиете појадок богат со протеини кој ќе ве одржи сити до ручекот, вели Шели Мари Редмонф, основач на блогот Skinny Louisiana.

Јајца, сланина, спанаќ и кафе со соино млеко



- Ова е вкусно јадење кое ме држи сит подолго време и е идеален кога знам дека ќе имам интензивен тренинг или напорен ден. Овој појадок ми дава протеини, здрави масти и јаглени хидрати кои ми се потребни за да ја задржам енергијата, вели Илидалис Веласкез, личен тренер и нутриционист.

Фритата со зеленчук



- Оваа фритата со зеленчук ја правам за појадок, користејќи ги остатоците од брокулата од вечерата, додавајќи свежи домати одозгора. Сакам појадок кој содржи зелечук, а ова е идеалниот начин да ги искористите плодовите кои ви стојат во фрижидерот, вели Моника Рејнагел, основач на The Nutrition Diva.

Мафини со шунка и јајца



- Ова јадење е многу лесно за подготовка и претставува одличен извор на протеини. Исечкајте парче шунка и распоредете го во тавчето за мафини. Во одвоен сад измешајте 4 јајца, 700 мл млеко и 1 шолја издробено сирење. Истурете ја смесата во калапите, врз шунката и печете 20 минути. Имате појадок полн со протеини, вели Шели Редмонд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби