Рецепти како да уживате во лубеницата

Температурата расте од ден во ден, па потребно е често да се освежувате и да внесувате доволно течности во организмот.

Лубеницата е најдобар зеленчук кој може да ве освежи и да ви даде енергија за време на летото. Полна е со здрав сок, шеќер и дава енергија на долги патеки. Нема ништо послатко од загризување на парче сочна лубеница под сенка. Во тој момент веројатно не размислувате колку тоа што го правите всушност е здраво.

Ова растение содржи 92 отсто вода и богата е со витамин А и Ц, црвен пигмент и антиоксиданси кои позитивно влијаат на срцето и коските. Искористете ја на следниот начин.

1. Гаспачо со лубеница

Познатиот рецепт за зачинета чорба од домати, која може да се меша со пиперки, краставици и друг зеленчук може да биде богата и со лубеница. Ставете ги сите овие освежувачки состојки во блендер и додадете две парчиња лубеница. Послужете ладно и уживајте во својот напиток за топлите денови.

2. Салата од зеленчук со лубеница

Освежете се со салата од домати, моцарела и слатки парчиња лубеница. Иако делува неспоиво, ќе бидете изненадени колку оваа мешавина има природен и освежувачки вкус. Салатава ќе стане ваш извор на хидратација во врелите денови. Додадете листови зелена салата и сето тоа посипете го со бисилек.

3. Освежувачки шејк од лубеница

Дозволете си на себе мало освежување по напорниот тренинг во теретана или спортување во природа. Во шејкот можете да додадете краставици или млеко од кокос, а една чаша од овој магичен пијалак кој вас во целост ќе ве наполни со енергија и ќе ве освежи содржи само 145 калории. Додадете коцки лед и уживајте.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби