Објавите на Facebook кажуваат многу за вас

Зошто некои луѓе на Facebook најчесто пишуваат за забавата на која биле претходната вечер, додека други споделуваат интресни статии? Има ли поврзаност на карактерот на личноста со нејзините објави на социјалните мрежи? Таа задача одлучиле да ја решат британските научници од Универзитетот Брунел.



Тие спровеле истражување врз повеќе од 550 луѓе, во рамките на кое го поделиле карактерот на испитаниците според следните особини: екстровертност, невротичност, отвореност за нови искуства, поводливост и совесност, по што го следеле невното однесување на Facebook.

Нивните резултати нема многу да ве изненадат. На кратко, излегува дека речиси сите спаѓаме во групата на несигурни кои бараат внимание.

- Оној кој е свесен за тоа дека неговите објави би можеле да ги нервираат пријателите, тој повеќе ќе внимава да избегнува здодевни и иритантни теми, а повеќе ќе објавува интересни и забавни теми, пишува научничката Тара Маршал од Универзитетот Брунел во истражувањето.



Често објави за луѓето кои ги сакате

Интересно е тоа што истражувачите откриле дека честите објави за својот љубовен партнер всушност е знак на несигурност и недостаток на самодоверба.

Чести објави за исхрана и вежбање

Доколку сте во оваа категорија голема е шансата да сте нарцисоидни.

Чести објави за настаните во светот

Опуштете се, ова е позитивна категорија. Истражувањето покажало дека објавувањето на многу статии на интелектуални теми значи поголем степен на отвореност, односно дека очигледно сте интелектуалец, креативец и љубопитна личност.

Чести објави за децата

Според студијата, веројатно сте посовесни од другите. Вашите објави имаат поголема намена од само комуницирање со пријателите.



Истражувачите исто така откриле каков карактер на луѓе добиваат повеќе лајкови и коментари на Facebook. Тоа не се само екстровертите, како што вообичаено се мисли. Нарцисоидноста ќе донесе повеќе лајкови и коментари, отколку самодовербата, се вели во студијата.

Додека следењето на важни вести од светото може да значи дека сте подобра личност, тоа нема да ви донесе поголемо внимание од вашите пријатели. Наместо тоа, објавите за успесите и социјалните активности од секојдневниот живот ќе измамат најмногу реакции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби