Имаш 30 години и уште си немажена?!

Што е проблемот со годините и со начинот на кој луѓето го перципираат животот?

Во 21-от век кога нештата и сфаќањата би требало да бидат посовремени, не ретко се среќаваме со ситуации кога ни се наметнува мислењето дека кога ќе ја преминеме златната 30-ка жените веќе немаат можност да избираат, туку да ги избираат.

„Ајде мажи се што чекаш?“ или „Душо многу пребираш“ се двете најчести реченици кои можеме да ги слушнеме за време на свадби и друг тип на фамилијарни прослави, но и при секојдневните средби со пријателите.

Убаво е да имаш семејство, но уште поубаво е кога не одиш против себе си. Луѓето не ретко забораваат дека секој го прави својот избор и најдобро знае што сака од животот. Токму затоа сосема апсурдно постојано да и плескате на својата пријателка дека има 34 години и се уште е немажена, сето тоа со добра намера. Доколку намерите навистина ви се толку чисти и благородни тогаш сигурно знаете дека вашата пријателка сигурно нема да потрча да се омажи со првиот што ќе налета само за да има деца и семејство. Ако размислувате така значи ја поистоветувате со очајна жена на која и поминал секој воз, а тоа во суштина значи и дека не верувате во нејзините квалитети.

Уште полошо е кога се обидувате да и наместите некој познаник, па притоа ја фалите како стока на пазар или пак нагласувате дека е сосема убаво доколку вашиот неженет пријател се запознае во вашата немажена пријателка за да не бидат сами. Повторно потенцирате дека ниту едниот ниту другиот се способни самите да се снајдат, заборавајќи дека личниот избор е нешто што не би требало да ве засега.

Вашата пријателка сигурно нема да ви се налути поради коментарот, но ако се почесто го повторувате истото ниту една жена нема да ви остане рамнодушна.

Во прилог следат уште неколку потполни погрешни реченици кои никогаш не треба да и ги упатите на својата немажена пријателка.

Премногу пребираш

И да е навистина така дали знаете што се крие во душата на еден човек? Можеби вашата пријателка има добра причина поради која е пребирлива и точно знае што сака, а што не сака? Впрочем никој од нас не би требало да се задоволи со нешто само за да ги задоволи луѓето околу себе.

Ајде времето ти лета, утре нема да можеш да родиш

Уште една добронамерна реченица со зла последица. Имањето дете не значи да го родите и да го оставите да го чуваат баба и дедо или дадилка. Многу бракови се склопуваат токму поради деца, но кога не постои меѓусебна љубов и почитување истите се распаѓаат. Па оттука прашањето: Дали сакате да ја видите вашата пријателка со некој кој ја сака и почитува или пак со дете во рацете колку да се рече дека го родила?

Што знаеш ти? Ти не си мајка

Исто како да сте кажале „Ти немаш емоции, не си способна да сакаш“. Можеби вашата пријателка навистина не е родител и можеби никогаш нема да стане, но тоа не значи дека е помалку жена од вас. На крајот на краиштата иако чувството да се биде мајка е најпрекрасното нешто кое што постои, никогаш не смеете да се поставите во позиција да осудувате нечиј живот само затоа што вие сте го нашле тоа што сте го барале, а тие се уште се во потрага.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби