Првите денови на бебето: Решенија за најголемите стравови

Како да се справите со родителството во првите денови?

Додека за многу работи кои треба да ги направите за прв пат може да се подготвите со разни туторијали, родителството е сепак доста поинаква приказна. Без лично искуство и пракса, никакви книги и совети нема да ви бидат од преголема корист.



Во продолжение ви ги претставуваме најчестите стравови со кои се соочуваат новите родители, особено мајките, кога прв пат носат бебе на овој свет. За сите овие ситуации и напади на паника постои едноставно логично решение.

„Нема да можам да го поднесам породувањето!“

Подгответе се за изненадување!

„Нема да имам поима што како треба.“

Тоа е сосема нормално. Ниту една друга мајка во првите денови од родителството не е ни малку посигурна во себе.



Страв од возење на бебето во автомобил

Никогаш не сте возеле нешто толку скапоцено, па ви се чини дека возењето е многу поопасно отколку вообичаено. После неколку пати ќе се опуштите.

Страв да не ви падне бебето

И овој страв е сосема нормален и многу брзо ќе исчезне.

Првото сечење на ноктите

Нежните ноктиња и малечките прсти, особено кога бебето ви е немирно, го прават сечењето на ноктите вистински напад на паника. Направете го тоа додека бебето спие и сè ќе ви биде помалку стресно.



Звуци кои бебето ги испушта во сон

Допрва ќе се плашите кога бебето ќе почне да испушта необични звуци во сонот, но за кратко време ќе почнат само да ве расположуваат секогаш кога ќе ги слушнете.

Бебето воопшто не спие

И тоа ќе помине.

Бебето постојано спие

Уживајте во тоа и не се грижете дека нешто не е во ред.



Бебешкиот папок

Речиси сите мајки се плашат дали добро го исчистиле, завиткале или негувале бебешкиот папок пред истиот да се исуши и да отпадне. Имајте на ум дека бебето не го боли таму и погрижете се само да биде сув.

Првото капење

Првото капење за повеќето родители е многу стресно. Како да се држи бебето, дали е водата доволно топла, дали ќе настине, дали е просторијата доволно топла... Ова се сосема вообичаени прашања во првите недели од родителството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби