„Фризура“ или депилација? Мажите се изјаснија!

Без разлика дали ги сакате или ги мразите пубичните влакна, нив сите ги имаме, освен доколку не ги отстранувате редовно.



Иако на ред за дискусија дојдоа и машките навики во врска со влакната на интимниот дел, ваквите навики на жените секогаш се ставени под лупа. Секој има свое мислење за тоа дали влакната треба да се отстрануваат (целосно или делумно) или да се остават како што ги дала мајката природа.

Со оглед на тоа што на жените им е особено важно мислењето на мажите на оваа тема, екипата на AskMen.com спровела истражување и побарала од мажите да се изјаснат за неколку интересни прашања.

Вкупно биле испитани 5199 мажи, на возраст од 18-64 години.



Дали влакната на интимниот дел на жените ви се привлечни?

41% - Жената треба да биде целосно депилирана или да има направено бразилска депилација.

38% - Пубичните влакна треба да бидат средени и уредни. Не треба да бидат целосно отстранети, бидејќи возрасната жена мора да има нешто на тоа место.

15% - Немам преференции. Најважно е жената да се чувствува секси.

5% - Само природно. Како од мајка родена.

Интересни изјави на испитаниците за ова прашање:

„Единствените влакна кои жената треба да ги има се само оние на нејзината глава.“

„Навикнат сум на „грмушки“ и ги обожувам.“



Дали некогаш сте прекинале состанок, односно секс, само заради тоа што жената избрала да не ги отстрани влакната на интимата?

91% - Не

9% - Да

Интересни изјави за ова прашање:

„Не го прекинав состанокот, само се струполив на креветот.“

„Доколку сте стигнале до таа фаза и сакате да повикате тајмаут само заради влакната на нејзината вагина, тогаш сте огромен кретен.“



Дали чувствувате притисок да ги средувате или отстранувате влакната на вашата интимна зона?

48% - Не чувствувам притисок, но сакам да сум среден.

20% - Доколку таа се депилира за да ме задоволи, тогаш и јас и’ должам да се средам.

20% - Да, во денешно време се очекува и од мажите да се погрижат за тоа.

12% - Не

Интересни изјави за ова прашање:

„Моето тело е закон!“



Интересно е тоа што дури 84 проценти од испитаните мажи имаат преференции кога станува збор за интимната „фризура“ на жените, но само 9% би одбиле секс заради изборот на жената да не ги отстранува влакната. Она што може да се заклучи е дека кога станува збор за сексот, на мажите не им е толку важно дали сте депилирани или не.

Исто така, интересен е моментот дека дури 88% од испитаниците го средуваат својот интимен дел, иако се мажи. Изгледа дека машките пубични влакна стануваат уште пожешка тема од женските.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби