Пред неколку години благодарение на Ким Кардшијан во светот на шминката стана мошне тренди да се изведува контурирање односно осветлување и потемнување на одредени делови на лицето.
Како одговор на контурирањето сега се појави таканаречената strobing техника која подразбира нагласување на лицето само осветлување на саканите делови.
Се постигнува речиси истиот ефект како со контурирање со таа разлика што се користи само хајлајтер и нема потреба од бронзери и потемни нијанси на пудра кои понекогаш изгледаат вештачки
Дамите го сакаат бидејќи дава посебен сјај на лицето, а притоа не мора да се користи премногу шминка.
Како да го постигнете?
Најпрвин започнете со навлажнување на лицето. Измешајте малку осветлувач со пудрата. Избегнувајте мат комбинации. Откако сте го направиле ова нанесете хајлајтер на местата каде што светлината природно паѓа на вашето лице, како јаболчниците и по должината на носот. Избегнувајте го челото доколку не сакате да добиете премногу „масен“ изглед.