Фатални правила на еротичните жени

Која е тајната на еротичните жени со која тие совршено комуницираат со својата интелигенција и добро се справуваат со својата сексапилност? Дали тоа се должи на нивната сигурност, интелигенција или став? Едно е јасно – тие се исклучително опуштени, освојуваат со погледот, движењето и држењето.



Но, покрај тоа, овие фатални жени поседуваат 5 навики по кои се издвојуваат од останатите. Еве кои се тие:

Еротичните жени не влегуваат пребрзо во интимни односи

Еротичната жена е многу опуштена и ужива во сексот, но таа преферира да почека пред да се одлучи да се впушти во интимен однос со новиот партнер, особено доколку сака сериозна врска и посветеност. Но, далеку од тоа дека овие жени се ограничени со некои сторги правила, туку тие едноставно знаат дека брзањето со сексуалниот однос има превисока цена.



Сексот предизвикува лачење на хормонот окситоцин, кој претставува „дрога“ на заљубеноста. Под негово дејство, партнерот може да ни делува како да ни е сродна душа, но таквата илузија на крај завршува со неуспех.

Посакуваните жени го гледаат состанокот како прилика за запознавање. Додека одржуваат дистанца, тие можат полесно и посамоуверено да ги проценат оние кои само бараат добра забава. Тие никогаш не брзаат и не дозволуваат да било чија нетрпеливост претставува притисок врз нив.

Тие се страстни во сè што прават

Дамата која зрачи со сексапил не е зависна од својот партнер. Таа не се држи за него со сета сила. Партнерот го прави нејзиниот живот поубав, но тој не го претставува нејзиниот живот.



Додека многу жени погрешно го соединуваат својот живот со животот на партнерот во надеж дека ќе достигнат исклучителна блискост, опуштената и сигурна жена знае дека нејзината независност не е препрека, туку шанса за поубава врска. Привлечна е онаа жена која својот живот го исполнува со интересни и вредни активности, ги осмислува своите цели и ги постигнува, а често има и потполно одвоена кариера, хоби и сметка во банка.

Тие се емоционално стабилни

Жените кои се одликуваат со еротичност и моќност, во голема мера стабилни и смирени и знаат да ја контролираат својата лутина.



Посакуваните жени знаат дека среќата доаѓа од внатре, наспроти сите надворешни извори кои ги опкружуваат. Затоа тие создаваат стабилност, така што успеваат да ги задоволат своите емотивни потреби од различни извори: да излезат со пријателите, редовно вежбаат, се ослободуваат од стресот со различни техники за опуштање и релаксација, па така тие успеваат со партнерот да бидат топли, нежни и полни со разбирање и љубов. Еротичните жени знаат дека само со балансиран живот може да имаат среќна и успешна врска.

Ги познаваат своите граници

Силните и сексапилни жени не се плашат да зборуваат и слободно да ги изразат своите ставови. Ова особено се однесува на границите кои сакаат да ги постават во врската – како во сексот, така и во другите елементи од односот. Жените кои се немаат свое јас и се согласуваат на сè, не будат желби и особен интерес кај мажите.

Еротичните и силни жени не се толку заморни и не бараат посебен третман. Тие едноставно очекуваат да добијат одредено ниво на почит и не се плашат да ги изразат своите потреби.

Не се опседнуваат да бидат „совршени“ по секоја цена

Жените денес се борат со огромен број притисоци – што да јадат за да бидат слаби, кога е вистинското време за мажачка, кога треба да почне да раѓа... Но, таквата трка не само што го попречува развојот и зацврстувањето на суштинската женственост, туку доведува и до правење погрешни избори.



Еротичната жена е сигурна во себе и во своите квалитети, во потполност ги држи уздите на животот во своите раце и го следи својот љубовен однос од ден во ден. Доколку почувствува дека тоа сепак не е искрено и вистинско партнерство, попрво се одлучува за самотија, а благодарение на моќта на нејзината женственост, таа самотија никогаш не трае предолго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби