Пат низ пеколот до модел на Victoria’s Secret

Да се биде ангел и дел од тимот на светски познатиот бренд за долна облека „Victoria’s Secret“ е престиж за секоја манекенка.

Но, работата од соништата не е ни малку лесна, а совршениот изглед на модната писта се должи на пеколен режим кој не е наменет за жени кои лесно се откажуваат.

Според предиспозициите сите ангели треба да бидат високи најмалку 175см и нивниот обем на половината да изнесува 60 см, што значи дека пониските девојки и оние со поголеми пропорции уште во стартот излегуваат од игра.
Новинарката и блогер, Попи Крос (29) со помош на личниот тренер Ден Робертс и нутриционистот Чарлс Паслер се обиде да го спроведе строгиот режим на исхрана и вежбање на дело.

Резултатот е витко и тонирано тело, но низ што сè требаше Крос да помине за да го добие?

-Кога започнав со експериментот конфекцискиот број ми беше 36, а висината 175 см. Процентот на масти во моето тело беше 22, а тоа не се вклопуваше во калапот на модели на Victoria’s Secret. Ден ми објасни дека мојот глутеус мора да биде совршен, телото дефинирано и рацете мускулести за да го добијам Жизел изгледот. Освен тоа требаше да ги намалам маснотиите од телото за 4 проценти. За тоа ми беше потребен сериозен тренинг, открива Крос.

Тренингот се состоел од клекнувања, исчекорувања со тегови, дефинирање на бицепсот и трицепсот со тегови, склекови и трчање. Најпрвин започнала со вежби еднаш во неделата, за да заврши со тренинзи секој ден, понекогаш и по два пати дневно.

-Во текот на вториот месец можев да издржам повеќе тренинзи пред да се онесвестам од замор. Третиот месец дигав повеќе од 72 кг, што е повеќе од мојата тежина. Докторот ми препорача протеински суплементи и пилули кои ме чинеа цело богатство, но и покрај тоа не можев да се придржувам кон ригорозната диета. Затоа се одлучив за исхрана со многу протеини и малку јагленхидрати, вели Крос.

Таа го практикувала режимот на исхрана и тренинзите 4 месеци, по што процентот на телесни масти и се намалил од 22 на 17 проценти, а нивото на холестеролот од 5, 46 на 4, 55.

-Го добив телото на ангел и горда сум на тоа. Меѓутоа здравјето ми е на прво место и задоволна сум како изгледам, па затоа ќе се вратам на стариот режим, констатира оваа блогерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби