Адријана Лима ги открива своите тајни за убавина

Поранешната српска снаа, Адријана Лима, освен тоа што е една од најубавите жени на светот, воедно е мајка на две прекрасни ќерки. Ангелот на Victoria’s Secret е уште познат по тоа што тренира бокс и мошне ригорозно се држи до режимот на исхрана и тренирање непосредно пред големите ревии на брендот за долна облека.

Како и секоја жена, така и Лима има неколку ритуали кои помагаат да изгледа совршено во секоја прилика без разлика на тоа дали се наоѓа пред фото објективите или не.

-Мојата тајна кога станува збор за очите е во постојаното нанесување маскара. Речиси никогаш не ја тргнувам и додавам нов слој. Иако за многумина ова изгледа хаотично тоа им дава на моите очи посебен изглед. Нанесувам маскара и на горните и на долните трепки, вели Лима.

Што се однесува до природниот изглед на нејзиното лице, Бразилката тврди дека трикот е во мешање на светкаво руменило со лосионот за навлажнување на кожата.

-Тоа ќе ви даде природен изглед, кожата ќе има необичен сјај и сите ќе имаат впечаток дека немате шминка на лицето. Понекогаш истиот сјај или кармин што го ставам на усните го нанесувам и на образите. Па така се изгледа поприлично нежно и неупадливо, а повторно се постигнува саканиот изглед.

Уште еден од ритуалите за разубавување на Адријана е и бразилското фенирање.

-Мојата коса изгледа прилично здраво, па третманот го повторувам на секои 2 месеци. Не можам без овој третман бидејќи многу ми го олесни животот со оглед на тоа дека имам долга коса и доволно е само да ја измијам за да би изгледала сјајно, наведува манекенката.

Како последно, но не и помалку важно, Адријана препорачува да внимавате на својата исхрана.

-Ако се исхранувате како што треба тоа ќе се покаже и на вашата кожа. Исхраната е мошне важна и ноктите па затоа внимавајте што јадете, додава таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби