МОЌТА Е СИЛЕН АФРОДИЗИЈАК, НО...

Лошите страни на врската со постар маж

Постарите мажи едноставно знаат како да третираат жена. Во нивните прегратки жените се чувствуваат заштитено, сакано и го добиваат сето внимание за кое отсекогаш копнееле, а моќта и авторитетот на нивниот партнер се силен афродизијак кој поттикнува бура на страсти низ нивните вени.



Но, факт е дека постојат прилично непријатни аспекти кога станува збор за врската со постар маж. Вистината можеби боли, но понекогаш е неопходна. Затоа, читајте внимателно.

Она што најмногу го сака кај вас се вашите години

Ова не се однесува само на младешката затегната и мазна кожа, туку и на фактот дека може толку многу работи да ви открие прв, што создава специфично чувство на моќ на кое се слаби сите мажи.

Тука секако спаѓаат и различните секусални искуства, но и баналните работи како тоа дека тој ќе биде оној кој ќе ве запознае со легендарните рок бендови за кои никогаш не сте слушнале, или кој ќе ви пушти филм на Бергман да го гледате.



Да биде поискусен и помудар – тоа е моќно чувство за него, кое воопшто не се однесува на вас.

Сигурно постои добра причина зошто нема партнерка од негова возраст

Немојте предолго да се задржувате во неговата близина, бидејќи не мора да бидете онаа која ќе ги дознае сите грешки во неговата глава, односно онаа која ќе открие зошто не е способен за врска со личност на негови години.

Бранејќи ја вашата врска ќе ги нарушите односите со блиските луѓе и ќе станете зависни од него

Нема сомнеж дека со оваа врска ќе завршите отуѓени од пријателите кои ви ја зборувале вистината, на која самите не сте имале храброст да и’ погледнете во очи. Следното сценарио би можело да изгледа вака: покрај тоа што ви е партнер, тој ви е единствениот пријател што го имате. Тоа меѓу вас ќе создаде диманика на зависност, која не е добра за ниту една врска.



Вашите родители воопшто нема да бидат среќни

Тензијата која ја создаваат упорните лаги и скришното извлекување од домот ќе резултираат со напнатост во вашиот однос со родителите. Од друга страна, доколку родителите знаат за вашата врска, секојдневно ќе доаѓате во конфликти. Колку и да сте возрасни за да носите свои животни одлуки, вашите родители никогаш нема да се откажат од нивната одговорност за вас. Покрај тоа, пријатните семејни ручеци за време на викендот во случајов нема да бидат целосно хармонични.

Сексот со него ќе значи повеќе отколку што си мислите

Можеби сте убедени дека можете да се контролирате и да се воздржите од појава на чувства и од драматизирање, за разлика до повеќето девојки. Единствено во овој однос ви значи само добриот секс и сето ова го доживувате само на физичко ниво, нели? Токму ова ќе ви се одбие од глава и ќе се затекнете себе си како ќе почнете да се нервирате кога нема да ви се јавува постојано и нема да знаете каде е. Тоа не значи дека сте наивна или слаба личност, туку само дека се цените себе си, што е всушност одлика на зрела личност.

Но, токму илузиите со кои се залажувате се извор на сите проблеми. Нема ни да забележите кога она „само секс“ прераснало во ваша опсесија.

А кога сме веќе кај сексот, факт е дека неговото искуство прави да се чувствувате толку добро во креветот, но издржливоста и потенцијата нема да бидат нешто со кое што ќе може да се пофали.

Доколку е оженет нема заради вас да ја напушти жена му

Ова е една од работите кои никогаш не се случуваат, а многу девојки се убедени дека токму тие се оние кои се навистина посебни и дека нивниот партнер тоа го гледа. Верувајте, заради вас нема да ја напушти неговата сопруга. Она што е поверојатно да се случи е дека ќе најде некоја нова „посебна“ девојка, со која ќе ве замени вас.

Доколку сте на исто емотивно ниво – тоа воопшто не е добро



Тој израснал во сосема поинакво општество и поинаква генерација од вашата, заради што би требало да биде пред вас за една цела емотивна декада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби