СТАБИЛНА И СРЕЌНА ВРСКА ЗНАЧИ ПОДОЛГ ЖИВОТ ЗА МАЖОТ

Дали мажите може да живеат без жените?

Многу припадници на посилниот пол се противат на бракот и стабилните љубовни врски, не сфаќајќи зошто не можат цела вечност да бидат слободни момци. Но, верувале или не, за здравјето на секој маж клучна е неговата подобра половина. Заклучокот од најновите студии е дека тие му нанесуваат поголема штета на својот организам, за разлика од жените. Припадниците на посилниот пол на своето тело гледаат како на алатка. Посетуваат лекар само кога ќе почувствуваат дека нешто навистина не е во ред или кога веќе болката ќе стане неподнослива, додека жените се многу поразлични во врска со овие работи.



Сепак, дури ни посетите на лекарот не покажуваат прецизно колку луѓето се всушност здрави. Како што објаснува урологот Теодор Клоц од Берлинскиот Институт „Robert Koh“, постојат пет главни фактори кои се поврзуваат со отсуството на болести: стабилно животно партнерство, редовно вежбање, балансирана исхрана, одредена животна рутина и превентивна медицинска нега.

- Стабилното партнерство е многу важно. Мажите по својата 40-та година помалку се дружат, а сè повеќе се повлекуваат во својот дом. Затоа за нив е многу важно да бидат во стабилна врска. За разлика од нив, жените многу добро можат да живеат и сами. Кога е во врска, мажот повеќе внимава на исхраната и посветува поголемо внимание на вежбањето. Од таа причина стабилната и среќна врска е многу значајна, особено во постарата доба, тврди Клоц.

Според резултатите од истражувањето, мажот кој е во врска живее во просек две години подолго отколку оној кој живее сам.



- Жените обично ја преземаат улогата на личноста која се грижи за здравјето. Тие водат сметка за тоа кога е закажан следниот преглед или кога стигнал моментот да се напие некој лек. Ако мажот не се чувствува добро, жената ќе го советува да не оди на работа тој ден. Ако за тоа одлучува сосема сам, би бил склон да ги прецени сопствените можности, вели психологот Томас Алдегелд.

- Од сите наведени фактори, за мажите е многу важно неговата драга да му праќа сигнали за да има долг, среќен и здрав заеднички живот. Во многу случаи, само искажувањето на овие пораки, наместо приговарањето и карањето, доволно е да го мотивира мажот да се грижи за себе и да се обрати на лекар од превентивни причини, заклучува Клоц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби