Не сте единствени!

Пеколно патување: Најчести причини за кавги на одмор

Колку и да им се радуваме на патувањата, вистината е дека истите знаат да бидат навистина напорни и стресни, а доколку одите во пар, сигурно веќе ви е добро познато дека кавгите се неизбежен дел од тоа „романтично бегство од реалноста“. Да, не сте единствени.



Еве ги најчестите ситуации зошто паровите се караат кога одат на одмор:

Зјапаш по други жени!

Веројатно не е лесно да го забележите погледот на партнерот врз голите тела на другите жени на плажата, но тоа не значи дека вие не го привлекувате. Покрај толку многу жени облечени во скудни бикини, тешко е за еден маж, па дури и за самите вас, воопшто да не погледне никаде.

Разлика во преференциите

Сите луѓе се различни, а со тоа и сите имаат поинакви интереси. Кога паровите одат на одмор, тие често се расправаат за тоа дали да одат во музеј или на шопинг или, пак, дали да седат цел ден на плажа и да се печат на сонцето или да си одат порано и да се прошетаат низ градот.



За да ги избегнете овие кавги, поделете го времето. Половина од денот правете работи во кои ужива едниот партнер, а втората половина нека биде посветена на другиот. На тој начин и двајцата ќе бидете задоволни и ќе уживате во заедничките моменти.

Разлика во навиките за трошење пари

Речиси сите жени обожуваат да трошат во локалните бутици кога се на одмор, а на нивните партнери тоа им е несфатливо. Од друга страна пак, мажите сакаат многу да трошат на јадење и пиење. Овие разлики во трошењето на буџетот за одмор се чест проблем на романтичните патувања, а за да го избегнете најдобро е да разговарате однапред на оваа тема и да се договорите за распоредување на буџетот.

Трошење премногу пари

Додека претходната точка се однесуваше на разликите во перцепцијата за тоа на што треба да се трошат парите, оваа се однесува на тоа колкава сума треба да се потроши на одморот.

Вистината е дека на одмор се троши импулсивно, па најчесто излегува дека потрошената сумата ја надминала планираната. И овој проблем можете да го избегнете до одреден степен со добар разговор пред да тргнете на патувањето.

Време на тргање

Овој проблем не ретко стапува на сцена доколку патувате со автомобил. Партнерот кој вози сака најпрво добро да се наспие за одморен да го започне патувањето бидејќи пред него е долг пат за возење, а партнерката не гледа поента во тоа да се изгуби претстојниот ден и настојува да се тргне што е можно порано, односно во ноќните часови. Имајте ги во предвид и двете гледишта и најдете заедничка солуција.

Пакување премногу алишта

Жените дефинитивно имаат проблем со пакувањето на алиштата. Мислат дека треба да имаат секакви комбинации за облекување, па затоа го полнат најголемиот куфер до степен едвај да може да се затвори.

Покрај тоа што е тежок за носење, истиот зафаќа голем дел во багажникот. Резултатот на ова е создавање на нервоза кај партнерот, кој никако не може да го сфати овој женски проблем, особено бидејќи знае дека на крајот едвај една третина од понесената облека на крајот ќе биде навистина облечена. Затоа, пакувајте паметно!

Поминување премногу време заедно

Иако одморите би требало да бидат бегство од напорното секојдневие со оној што најмногу го сакате и тоа на место кое е како излезено од бајките, истите знаат да бидат навистина стресни. Колку и да го сакате партнерот, поминувањето премногу време со него не е многу здраво за врската. Сосема е природно за време од тие 10 дена да си одите на нерви од време на време и да се испокарате. За да имате помалку вакви непријатни моменти, правете нешто само за вас. Читајте книга, излезете сами на мала прошетка или нешто друго во што би уживале и што би ве релаксирало. На тој начин повеќе ќе уживате во друштвото на саканиот.



На крајот сè се сведува на комуникација и компромис. Доколку овие елементи се силна страна на вашата врска, ќе успеете да спречите да се случуваат ваквите недоразбирања, или барем значајно ќе ги намалите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби