Совети: Кожа на грб мазна како бебешко газе

Летото е идеално годишно време за маици и фустани со отворен грб, но ситните мозолчиња може лесно да ве изнервираат, а истовремено и да ви го направат грбот непривлечен. Поради тоа, споделуваме пет најчести причини за нивна појава, но и нивни решенија.



Производите за нега кои ги користите ви ги затвораат порите

Богатото млеко за тело, маслото за масажа како и кремот за сончање може да предизвикаат создавање на митесери бидејќи во лето се запушуваат порите.

Решение: За заштита од сонце користете крема со немасна структура или онаа која брзо се суши и лесно се впива. Исто така, млекото за тело заменете го со лосион за тело, бидејќи содржи помалку масло, а подеднакво добро ја хидратира кожата. Ако одете на масажа, замолете ја масерката да користи лосион или гел.

Материјалите на облеката ја иритираат кожата

Ова се однесува на облеката во која вежбате, а која најчесто е изработена од вештачки материјали (синтетика). Овие материјали често предизвикуваат иритација на кожата поради отежната регулација на температурата на телото.



Решение: За вежбање, како и за други останати прилики, потрудете се да бирате облека од природни материјали (памук, лен).

Генетски сте склони кон појава на мозолчиња

Ако вашата мајка ви зборувала како и таа како девојка имала проблем со митесерите на грбот, тогаш можно е да имате предиспозиции за тој тип на кожа.

Решение: Потрудете се да користете In-shower производи, кои делуваат и како купка и како млеко за тело. Избирајте средство за туширање кое во себе содржи бензил пероксид. Средствата кои се плакнат обично помалку ја иритираат кожата од оние кои се задржуваат на нејзината површина.

Не посветувате доволно нега на грбот



Можеби ви изглед дека со самото тоа што се туширате, доволно се грижите за грбот. Сепак, насобраната нечистотија може со денови да остане на вашиот грб бидејќи преку обичното туширање потешко доаѓате до овој регион.

Решение: На кожата на грбот и е потребна иста нега колку и на кожата на лицето. Затоа два пати неделно правете пилинг на грбот и за тоа користете природни производи, по можност со додавање на морска сол. И секако, грижете се производите кои ги нанесувате на кожата по пилингот да бидат прилагодени на комбиниран тип на кожа.

Јадете храна која не е добра за кожата

Дерматолозите велат дека она што е добро за вашето срце, добро е и за кожата. Тоа значи дека ако сакате мека и сјајна кожа, би требало да ги избегнувате слатките, брзата и конзервирана храна.

Решение: Пробајте преку лето да внимавате повеќе на исхраната. Нека оброците ви бидат урамнотежени и по количина и по состав, а нека доминираат свежото овошје и зеленчук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби