Внесете новини во животот

Секој од вас има повеќе желби на својот животен план: во љубовта, работата, желби поврзани со децата, куќата, роднините, пријателите, патувањата...



Огромната желба е движечка сила која треба да иницира акција. Потребно е да направите нешто за да ви се исполни желбата. Не смеете да чекате таа да се исполни сама од себе или пак решението да падне од небо. Подгответе се за акција, направете детален план, внимателно одредете кои желби ви се краткорочни, а кои долгорочни, кои може да се исполнат порано, а кои подоцна.

Што е тоа што треба да го направите за целта конечно да се оствари? Нека вашата цел биде објективна, остварлива според вашите реални можности и приспособена на објективните околности. Кога ќе го разработите планот за тоа што и како треба да работите за да се исполни вашата желба, одредете си рок кога ќе почнете со работа. А кога ќе почнете со работа на остварување на вашата цел, не смеете да застанете. Никој и ништо не може да ве запре во тоа, се до конечното исполнување. Еве неколку примери.



Дали сакате оваа година да дипломирате на факултет? Ако ги немате потребните книги и ако не учите секој ден - нема ништо да научите. Дури и ако учите редовно, а се плашите да излезете на испит и покрај знаењето нема да добиете диплома. Сето ова е важно во правилното планирање за остварување на конечната цел.



Сакате да ја промените работата, да работите на соодветно место според вашите способности и квалификации. Потребно е да се заинтересирате каде се би можеле да работите, дали таа установа има потреба од таков кадар, да ги следите конкурсите и помалку да ризикувате. Да се промени работното место не е лесно, тоа носи со себе непознато во новите обврски, но желбата за нешто ново може да ги победи сите двоумења и стравови.



Веќе подолго време сакате да ја намалите телесната тежина. Советувајте се со лекар кој по деталниот преглед на вашата општа физичка состојба, а по потреба и други детални анализи, ќе ја одреди потребната диета, како и временскиот период кој е потребен за да дојдеш до саканата тежина. Се препорачуваат физички активности кои одговараат на вашето здравје и кондиција. Како и правилна исхрана. Ваше е по овој детален план и подготовка да почнете да се придржувате кон овие упатства и да не се откажувате се до конечното остварување на вашите желби.

Сакате да отпатувате во некоја далечна земја? Запознајте се со културата, јазикот, обичаите, историјата на таа земја. Не е доволно да се знае што се може да се купи во таа земја. Облека можете да купите и кај нас. Повредно е тоа што ќе доживеете нешто што до сега не сте биле во можност да го направите. Потребно е да одредите време кога ќе отпатувате, каква е климата во тоа време во таа земја, каде ќе престојувате, колку тоа ќе ве чини... А до тогаш читајте што повеќе за таа земји и собирајте пари. Парите не паѓаат од небо и никој нема да ви ги даде. Мора да штедите, секој месец по малку.

Сакате повеќе внимание да посветите на вашето здравје и здравјето на вашето семејство? Разговарајте со вашиот матичен доктор. Тој, знаејќи ги наследните болести во вашето семејство, начинот на живеење сега, вашата исхрана и стресовите на кои сте изложени секојдневно, како и другите многубројни фактори, може да даде правилен став за превенција за вас и за вашето семејство. Вие треба да го послушате докторот и да се придржувате кон неговите совети се до конечното постигнување на физичкото и психичкото здравје и социјалната благосостојба.

За да ги остварите желбите, мора да работите на нив се до конечното остварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби